Собранието одлучува само за прашањата изречно определени со Законот за трговски друштва и Статутот на Македонски Телеком АД, а особено за:

  1. измена на Статутот;
  2. одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на друштвото во претходната деловна година и одлучување за распределбата на добивката;
  3. избор и отповикување на членовите на Одборот на директори;
  4. одобрување на работата и водењето на работењето со друштвото на членовите на Одборот на директори;
  5. промена на правата врзани за одделни родови и класи акции;
  6. зголемување и намалување на основната главнина на друштвото;
  7. издавање акции и други хартии од вредност;
  8. назначување овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи;
  9. преобразба на друштвото во друга форма на друштво, како и за статусните промени на друштвото, и
  10. престанување на друштвото.
Собранието не може да одлучува за прашања поврзани со областа на управувањето, односно со областа на водењето на работењето на друштвото коишто се надлежност на органите на управување, освен ако тоа не е поинаку определено со Законот за трговски друштва.

Годишни извештаи

Годишен извештај за 2015

Контакт

Сектор за корпоративни финансии

E-адреса:IR@telekom.mk

Aдреса:
Кеј 13-ти Ноември бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија

pageArea reserved, leave empty!!!