Водечки телекомуникациски оператор

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор, дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата обезбедува услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, портфолио на конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија. Во текот на изминатите две децении, од традиционален телекомуникациски оператор, Македонски Телеком се изгради и се позиционираше во компанија која ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите.


Ја градиме мрежата на иднината

Неопходен предуслов за дигитализација на едно општество е напредна, стабилна и докажана мрежна инфраструктура. Ова е нашата предност, но и обврска со континуирани инвестиции и посветена работа да се обезбедат темелите за креирање врвни технолошки решенија и услуги. Македонски Телеком е прва компанија во Европа и во Дојче Телеком Групацијата со мрежа целосно базирана на интернет протокол. Во 2013 година, компанијата прва на пазарот ја воведе и 4G мрежата. Со континуираните вложувања во инфраструктура, на крајот на 2019 година 90 отсто од територијата на државата и 99 отсто од населението е покриено со 4G мрежа. Македонски Телеком досега има поставено и веќе има во употреба повеќе од 4.000 километри оптички кабел, со што обезбедивме повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија да имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа на Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија. Компанијата посветено работи и на воведување на новата технологија 5G, која веруваме ќе биде катализатор за четвртата индустриска револуција, а придобивките ќе ги чувствуваме во сите сфери од нашето живеење: медицина, образование, бизнис... Веќе е во функција првата тестна 5G мрежа на Македонски Телеком поставена во Скопје, a понатаму продолжуваат тестирањата во реални услови и сите неопходни чекори за воведување 5G. Воведувањето на новите технологии создава услови за живот и за економски развој на државата, па затоа инвестициите во инфраструктурата остануваат наш фокус и во иднината.


Доверлив партнер на бизнис корисниците

Во динамичниот свет во којшто живееме, времето е валута со највисока вредност. Затоа, бизнис потребите и нивните барања се наш приоритет. Ние сме доверлив партнер во новото дигитално време, овозможувајќи комплетни решенија со кои компаниите можат да го извлечат максимумот од своето работење. Kреираме иновативни, сигурни, едноставни продукти и решенија за поефикасна дигитална трансформација на компаниите. Со нашите иновативни решенија компаниите добиваат поголема контрола на сопствените деловни процеси, ја подобруваат ефикасноста, ја зголемуваат продуктивноста, ги намалуваат трошоците, а сето ова придонесува до континуиран раст на нивниот бизнис. Големиот избор на ИКТ и паметни решенија од Телеком е гаранција за успехот на секоја компанија, затоа што се флексибилни и ефикасни, но најважно од сè, безбедноста на податоците е загарантирана.


Врвни решенија за поедноставен живот нa граѓаните

Стратешкиот фокус на Македонски Телеком е да ја ставиме технологијата во служба на човекот и да ја искористиме за подобар живот на сите граѓани. Сè повеќе се зголемува обемот на податоци што се пренесуваат, а наша обврска е да им овозможиме пристап на сите корисници, секогаш и секаде. Решение за беспрекорна комуникација на корисниците во новото време, покрај одличната инфраструктура, инвестициите во мрежата, постојаната надградба и ширење на оптиката, се и иновативните услуги кои нудат поголема вредност за корисниците. Посветени сме на креирање решенија со кои го унапредуваме, збогатуваме, но првенствено го олеснуваме и го правиме поубав животот на граѓаните.


Ја користиме технологијата за добро

Сериозно сме посветени да ги поставиме темелите на е-општество во кое интернетот ќе биде достапен насекаде. Наша амбиција е да бидеме клучен партнер во дигитализацијата на општеството која со себе носи нови можности: е-образование, е-здравство и современи технолошки решенија со кои ќе им се подобри и олесни животот на сите чинители, вклучително и бизнис секторот. Едноставно, поставивме цел Телеком да биде двигател на промените и да го движи општеството напред! Истовремено, чувствуваме обврска да ја искористиме технологијата за надминување на предизвиците кои ги наметнува модерното време. Затоа технологијата ја ставаме во функција на граѓаните за доброто на сите, поставувајќи се како компанија од иднината, ценета од општеството.


pageArea reserved, leave empty!!!