Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Решенија за софтвер како сервис

Дали сакате да работите во Секторот за дигитална B2B трансформација? Дали сакате да бидете еден од луѓето што изнаоѓаат ИКТ решенија? Прочитајте повеќе и аплицирајте

Повеќе за проектот

Овој проект се однесува на Cloud услуги базирани на BaaS (Backend како услуга). Услугите се дефинираат како унифицирани решенија за корисниците, но управувани и провизионирани за секој корисник поединечно. Овие решенија предвидено е да бидат трансформирани во стандарден продукт во моментот кога ќе ги користат критичен број на корисници и решенијата ќе станат зрели за автоматизирано управување.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Што сакаме да постигнеме?

Целта на проектот е воведување на унифицирани решенија со вклучување на млади кадри кои активно ќе учествуваат во подготовката на услуги базирани на SaaS со партнерите (DX, Time-Tracker) и презентација на услугите и решенијата на корисниците. Решенијата се хостираат на MKT cloud, а софтверот го обезбедуваат партнерите.

Вашите секојдневни активности

Ќе учествувате во подготовка на решенија базирани на cloud за софтвер како услуга. Ќе подготвувате писма за намери, ќе презентирате решенија на корисниците и ќе правите извештај за проектите.

Квалификации

Овој проект е наменет за студентите од факултетите за по информатички технологии и електротехника. Потребно е кандидатот да има познавање од следните области: работа со десктоп пакетот MS Office, разбирање на концептите за клауд базирани решенија и услуги, основни познавања за дизајн на решенија и инфраструктура во клауд. Бараме комуникативни студенти, со аналитички способности и способност за презентирање и решавање на проблеми.

Зошто да аплицирате?

Бидејќи ќе бидете дел од дигиталната трансформација на иднината.