Соопштенија за медиуми

23.03.2017

Македонски Телеком повторно дел од акцијата „Час на планетата Земја“ 2017

Македонски Телеком годинава повторно ќе се вклучи во најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светлата ќе се испрати порака за спас на планетата. На 25 март (сабота) со почеток од 20:30 до 21:30 часот Македонски Телеком ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје.

22.03.2017

Промени во раководството на Македонски Телеком

Андреас Маиерхофер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, заминува од компанијата и е назначен за Главен извршен директор на Т-Мобиле Полска, од 1 април, 2017 година.

02.03.2017

Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком се претстави на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона

Македонски телеком на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона ги презентираше новите „Well – FI“ и „Seamless Connectivity“ решенија кои се развиени од Дојче Телеком. Македонија е првата земја во групацијата каде се тестираат овие пилот проекти, а се очекува веќе наредната година да бидат достапни за корисниците.

24.02.2017

Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја

Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 36,4 милијарди американски долари. Според рангирањето на Brand Finance Global 500, ова претставува зголемување од 10% во споредба со минатогодишната вредност. Со овој позитивен резултат компанијата повторно е највреден телекомуникациски бренд во Европа, пред Vodafone и Orange. Од неговото повторно воведување во 2008, вредноста на брендот постојано расте, и се зголеми за импресивни 309%.

23.02.2017

Резултати од работењето на Македонски Телеком за 2016 година

Македонски Телеком АД-Скопје ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги на крајот од 2016 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

1424344 ... 100
Десктоп верзија