Годишен
извештај 2024

T logo

Обраќање на менаџментНадградба на мрежата, иновации и дигитален оптимизам

Драги корисници, партнери и пријатели, Со гордост ви го претставуваме извештајот за исклучителните резултати, иновациите и општествените активности на Македонски Телеком во 2024 година. Оваа година ја потврдивме нашата улога на лидер во телекомуникацискиот сектор, иноватор во технологијата и мост кон дигиталната иднина, а секој наш чекор беше насочен кон обезбедување најдобро корисничко искуство, како и грижа за општеството и животната средина. Во 2024 година, остваривме конзистентен раст кај сите клучни показатели, а капиталните инвестиции (CAPEX) на крајот на годината изнесуваа 2,286 милиони денари, потврдувајќи ја нашата посветеност кон континуираната модернизација и развој.

Продолживме со масивни инвестиции во модернизација и проширување на мрежата. Нашата инфраструктура е најдобра во државата, што беше потврдено со освојувањето на престижната награда Ookla® за најбрза мобилна и фиксна мрежа, како и најдобар квалитет на мобилната мрежа. Освен развојот на нашата 5G и оптичка мрежа, направивме и пионерски чекор во развојот на телекомуникациската инфраструктура во земјата, со тоа што го поставивме првиот подводен кабел за оптика во Македонија. Нашата стратегија е насочена кон пионерство во новите технологии за обезбедување најдобро корисничко искуство. Затоа, број еден позицијата на пазарот беше потврдена и со TRI*M индексот за задоволство на корисниците, како и со индексот Love Brand.

Остануваме предводник во дигиталната трансформација на општеството. Нашиот Развоен центар за напредни решенија ги надгради сите паметни решенија, вклучувајќи ги тие за иновативен систем за телемедицина, паметно осветлување, паметни броила, IoT контрола за електрична енергија и вода, како и услуги за сајбер-безбедност. Во 2024 година, го добивме престижниот регионален сертификат Employer Partner од SELECTIO Group, како и наградата за најпосакуван работодавач во телекомуникацискиот сектор според „Вработување.ком“. Во 2024 година, продолживме со поддршка на македонскиот спорт, култура и филантропија, со посебен фокус на младите и на ранливите групи. Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество, допревме до речиси 33500 корисници. Годинава ја започнавме комуникациската платформа #НаправиМесто, со која ја отворивме темата за вистинско поврзување и надминување на предизвиците со кои се соочуваме како општество. Како дел од Групацијата Дојче Телеком, посветени сме на намалување на штетното влијание врз природата. Затоа, со еко-акции и преку циркуларната економија, сè повеќе влијаеме на намалувањето на електронскиот отпад, а нашите решенија за паметен град го прават урбаниот живот поодржлив.

Нашата долгорочна стратегија ќе ја следиме и во наредните години. Остануваме посветени на континуиран раст, развој, иновации и обезбедување максимална вредност за нашите корисници, вработени, партнери и општеството во целина. Македонски Телеком не е само мрежа – ние сме мост кон дигиталната иднина и партнер во секој ваш момент.
Со почит,
Никола Љушев, Славко Пројкоски, Емилија Андоновска, Марјан Богатиновски и Маја Милосавлева Наумовска.

The Team

Постигнувања 2024

CO2 Неутралност

84%Заштедивте 55 тони хартија

Електронски сметки

60% од обновливи извори

Електрична енергија

80% пРЕКУ TELECOM CLOUD

Заштеда на енергија

100%На нашите уреди

Био-разградливи пакувања

16.000 Стари мобилни телефони

Рециклирани

25.000 корисници

Дигитална инклузија

#1

Задоволство на корисници

94поени

TRI*M Index

63%

Задоволство на вработени

45%

Застапеност на жени во менаџмент

Инвестиции и нови технологии за
развој на најдобрата мрежа

Заокруживме уште една успешна година, обележана со раст и развој, иновативни и револуционерни решенија, рекордни резултати за квалитетот на мрежата и нови технологии коишто ќе обезбедат уште подобро корисничко искуство.

Во 2024 година, добивме уште една потврда за квалитетот и брзината на мрежата - ја добивме престижната награда  Ookla® за најдобра мрежа на територијата на Македонија. Резултатите покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа и најдобар квалитет на мобилната мрежа во првата половина на 2024 година. Супериорниот статус на мрежата беше докажан и со второто големо признание, овој пат добиено на локално ниво. Според мерењата на квалитетот на мобилните мрежи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), мрежата на Македонски Телеком се најде на првото место со 637,7 поени, што е највисок резултат во Македонија за изминатата година.

Како што доаѓаат новите технологии, така старите излегуваат од употреба и заминуваат во историјата. Телеком е првиот македонски оператор којшто, во април минатата година, ја деактивираше 3G технологијата. Ова го направивме со цел да го пренамениме фреквентниот спектар за понапредни технологии како 4G и 5G, на тој начин останувајќи во чекор со светските индустриски трендови и обезбедувајќи поквалитетна, постабилна и побрза мрежа. Континуирано ја ширевме 5G мрежата, којашто е достапна за 92% од населението во Македонија, со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Продолжи и надградбата на мрежата и зајакнувањето на мрежната инфраструктура за оптика, и денес имаме речиси 3 пати повеќе домаќинства покриени со оптичка инфраструктура во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно.

Постојано работиме на развојот на современи иновативни решенија, воведувајќи нови технологии и алатки. Голем фокус е ставен на употребата на вештачка интелигенција (AI) во работењето, како и на нови решенија базирани на вештачка интелигенција. При тоа, покрај сите новитети, софтверски и технолошки надградби на мрежата, во 2024 година имавме и значителна работа на терен, поставувајќи ја инфраструктурата за мрежата на иднината. Во јули минатата година направивме пионерски чекор во развојот на телекомуникациската инфраструктура во земјата, со тоа што го поставивме првиот подводен кабел за оптика под површината на Дебарското Езеро. Кабелот се протега на должина од еден километар и обезбедува подобра мрежна стабилност во регионот.

Сѐ на сѐ, изминатата 2024 беше многу значајна година во поглед на остварување на целите за модернизирање и надградба на мрежата. Продолживме да инвестираме во сопствените капацитети и ја зацврстивме позицијата на лидер во примената на нови технологии за обезбедување најдобри телекомуникациски услуги во Македонија.

Ookla
magenta moments

#1

задоволство
на корисниците
TRI*M и Love Brand

Напредни решенија за најдобро корисничко искуство

Технологијата постојано еволуира и затоа  мораме брзо да се адаптираме на современите решенија за да им обезбедиме најдобра услуга на нашите корисници. Пристапот до брза и стабилна мрежа и поврзаност е нашиот основен приоритет, но  ние се ангажираме да понудиме и многу повеќе од телекомуникациски услуги, да понудиме вистинска вредност, едно сосема ново ниво на искуства, ново поглавје во коешто животните искуства и задоволството на нашите корисници се во центарот на нашето делување.

Затоа, постојано работиме на нови услуги, производи и дигитални алатки, како апликации и чет ботови, коишто го олеснуваат користењето на нашите услуги. Но одиме и чекор понатаму.

Во 2024 година прославивме една година од воведувањето на Magenta Moments, нашата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците, којашто нуди низа  атрактивни поволности од локални, национални  и меѓународни брендови од многу категории. Денес имаме повеќе од 280.000 корисници, а за само една година беа остварени повеќе од 100 милиони импресии и доделени преку 950 милиони срца. Нашата посветеност на најдобра услуга и корисничко искуство уште еднаш резултираше со исклучително висока оцена на TRI*M индексот којшто го мери задоволството на корисниците и според којшто сме број 1 во Македонија. Во 2024 година, достигнавме вредност од дури 94, додека стандардот на индустријата е помеѓу 50 и 70, а притоа бевме рангирани први и според Love Brand индексот. Тоа ни покажува дека имаме лојални корисници коишто му веруваат на нашиот бренд, но и нѐ мотивира да бидеме уште подобри.

Изминатата година го претставивме и иновативниот концепт Magenta Home, којшто на корисниците им овозможува супер-стабилен интернет насекаде во домот, едноставно управување со поврзаните уреди, целосна безбедносна заштита и услови за врвно гејминг искуство. Воведовме и нова генерација дигитална телевизија - MagentaTV, услуга којашто е достапна секогаш и секаде, на сите екрани, со слика и звук со висок квалитет, модерен интерактивен интерфејс, пристап до апликации, ТВ-тека, снимање, паузирање на содржината и уште многу други напредни опции. А за корисниците на мобилната апликација Telekom MK обезбедивме и нова, современа алатка базирана на вештачка интелигенција, дизајнирана да обезбеди брзи, прецизни и релевантни одговори на нивните прашања. Апликацијата Perplexity AI овозможува пребарување во реално време, истражување сложени теми, како и креирање генерирани содржини. Корисниците на Македонски Телеком добија можност да ја активираат нејзината премиум верзија, Perplexity Pro, и да ја користат бесплатно во текот на следните 12 месеци.

И понатаму остануваме фокусирани на обезбедување максимална вредност за најдобро корисничко искуство.

telemedicine banner
EC

Партнер за дигитализација на општеството

Остануваме посветени на нашата улога да бидеме предводник во дигиталната трансформација на општеството преку постојана иновација и воведување современи технолошки решенија.

Портфолиото на паметни решенија коишто ги претставивме во изминатите години сега е надградено во нашиот Развоен центар за напредни решенија. Фокусирани сме да креираме резултат, а не само услуга, и токму затоа нашите решенија се сеопфатни, имаат мерлива вредност и се приспособливи.  Нашето иновативно решение за телемедицина, систем за далечинско набљудување на состојбата на пациентите, е единственото решение од овој тип не само во земјата, туку и во регионот. Во 2024 година, беше имплементирано во пет здравствени установи во пилот општината Делчево, со исклучителни резултати. Со поширока примена на ова решение коешто може да се приспособи и да има повеќе примени, значително ќе се подобри здравствената грижа и квалитетот на живот на повозрасната популација во земјата.

Трансформацијата во паметни градови е во постојан тек, со имплементирање нови паметни решенија во повеќе општини во Македонија. Во текот на 2024 година, реализиравме проекти со примена на сопствено решение за паметно осветлување, со коешто статусот и интензитетот на светлината се контролираат и се приспособуваат според потребите. Во комбинација со паметните броила се постигнува уште поголема ефикасност, како и полесно одржување на инфраструктурата на јавното осветлување.

Преку решението за паметно мерење и управување со електрична енергија со IoT контрола и мобилна поврзаност, овозможуваме мерење и автоматизирано управување со потрошувачката на електрична енергија. Со решението за паметно управување со вода, не само што се намалуваат загубите на вода, туку се заштитуваат и природните ресурси, а тоа претставува дигитална екологија во вистинска смисла на зборот.

Посветено работиме и на решенија за кибер-безбедност, што е од исклучително значење во дигиталниот простор. Затоа нудиме решенија по мерка за големите корисници, но креиравме услуга и за малите и средните претпријатија коишто речиси и да немаат ИТ персонал. Тоа е решението Безбедносен оперативен центар, којшто функционира како централизирана точка за надзор, анализа и реакција при безбедносни инциденти во реално време, а содржи и напредна компонента за следење и детектирање потенцијални кибер-закани.

Сите наши нови, иновативни и достапни паметни решенија беа претставени и на бизнис конференции низ Македонија пред повеќе посетители од деловниот сектор и институционални корисници. Целта на овие конференции е промоција, едукација и советодавни активности за нашите корисници.

И понатаму продолжуваме да бидеме доверлив партнер за дигитализација на бизнисите и институциите, преку нашите паметни дигитални решенија, но и со нашата посветеност да осигуриме дека технологијата функционира во корист на општеството и за подобар живот за сите граѓани.

novi standardi

Нови стандарди во корпоративна култура

Уште еднаш потврдивме дека сме лидери не само во дигиталната трансформација, туку и во поставувањето врвни стандарди во грижата за своите вработени. Направивме промена во начинот на работење и започнавме да работиме вкрстено-функционално, застанувајќи зад нашето мото „Т како тим“. Во срцето на новиот начин на работа е тимската соработка, односно, работата се одвива во рамките на овластени и одговорни тимови каде што секој презема одговорност. Целта на новите процеси е да креираме средина на доверба, транспарентност и развој. Нашиот нов концепт промовира тимско извршување на работата, преземање одговорност за индивидуалните задачи, како и одговорност за личниот развој.

Изминатата година станавме првата компанија во Македонија што го добила престижниот регионален сертификат Employer Partner, признание коешто го доделува SELECTIO Group за извонредност во практиките за човечки ресурси. Овој сертификат е доказ дека ги исполнуваме највисоките стандарди во областа на управувањето со човечки ресурси. Токму ваквиот пристап ни донесе и локално признание за нашата работа, откако Телеком беше прогласен за најпосакуваниот работодавач во категоријата на телекомуникациските оператори од страна на „Вработување.ком“.

Грижата за добросостојбата на вработените е еден од нашите главни фокуси, па затоа го започнавме проектот #НаправиМесто за здрави навики и заедно со сите вработени се фокусиравме на важноста на здравото и балансирано секојдневие. Со различни активности и совети од стручни лица како нутриционисти и психолози, успеавме да ја зголемиме свеста за важноста на физичката активност, менталното здравје и здравата исхрана. Тимот на Телеком и оваа година го покажа спортскиот дух и учествуваше на 20-тиот јубилеен Виз Ер Скопски маратон. А во духот на спортската забава, како дел од  Групацијата Дојче Телеком, имавме можност да бидеме дел од фудбалската еуфорија наречена ЕУРО 2024.  Дојче Телеком е официјален национален партнер на ЕУРО 2024, а наши колеги имаа можност од блиску да ја почувствуваат еуфоријата од овој неверојатен фудбалски спектакл и во живо да навиваат од трибините. Со програмата Smart Start, продолжуваме да вложуваме во младите таленти. Оваа иницијатива за практикантска работа нуди можности за кариерен развој, стекнување практични вештини и учество во значајни проекти. Досега, преку оваа програма, многу студенти станаа дел од тимот и ја започнаа својата професионална патека во една од најиновативните компании во земјата.

Вработените се наградуваат за извонредни резултати и посветеност, а развојните активности, на пример како што се менторството, коучингот и меѓународните проекти, овозможуваат постојан личен и професионален раст.

Телеком не само што го гради дигиталното општество, туку и создава нова корпоративна култура, во која луѓето се во фокусот. „Овластени“ е точен термин за empowered, меѓутоа при читањето не звучи природно, па авторите би можеле да размислат за опцијата „во рамките на тимови во коишто членовите се овластени/имаат можност самостојно да одлучуваат и да преземаат лична одговорност“. Би можело да се избере помеѓу „се овластени“ и „имаат можност“. Вака како што е не е погрешно, но целосната смисла не е пренесена.

„Денес живееме во свет во кој сме технолошки поврзани повеќе отколку било кога досега. Но, дали сме вистински поврзани? Ја губиме довербата едни во други, вербата во подобра иднина, се изолираме и затвораме, и се’ посклони сме на конфликти и нетолеранција. Големите брендови имаат голема улога во општеството и токму затоа чувствуваме одговорност да ја отвориме темата за овие предизвици со коишто се соочуваме како општество и да направиме конкретни чекори за вистинско поврзување“.

Да направиме место вистински да се поврземе

#НаправиМесто

Во светот во којшто живееме денес, луѓето остваруваат безброј контакти, бизнисите се поврзани како никогаш досега, а општествата се испреплетени едни со други. Но дали сме вистински поврзани? Годинава ја започнавме комуникациската платформа #НаправиМесто, со којашто ја отворивме темата за вистинско поврзување и надминување на предизвиците со коишто се соочуваме како општество.

Нашата улога со оваа иницијатива беше да ги инспирираме луѓето да направат место во својот внатрешен, емотивен, но и во физичкиот свет. Место коешто ќе биде исполнето со повеќе разбирање, емпатија и блискост, што ќе ни помогне вистински да се поврземе. Кампањата е инспирирана од делата на култниот автор Горан Стефановски, коишто се врежани во нашата меморија и се подеднакво силни и вистинити и денес. Неговото творештво е потсетник дека има повеќе нешта што нè поврзуваат отколку што нè разделуваат.

На иницијативата ѝ се приклучија низа познати личности од земјата, успешни музичари, спортисти, актери, медиумски работници и активисти, коишто ги раскажаа своите приказни и ја повикаа јавноста да направи место за повеќе добро во своите животи. Се поттикна размислување за голем број проблеми во општеството, се отворија чувствителни теми и се работеше на прифаќање на разликите меѓу луѓето.

  Како дел од оваа иницијатива беше промовирана и песната „Место“ на младите артисти Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb, којашто беше инспирирана од главната идеја на #НаправиМесто и од творештвото на Горан Стефановски. Оваа песна преку гласот на новата генерација ја раскажува приказната за старите проблеми, за тензијата, социјалната галама и различностите. Но, наместо само да критикува, таа испраќа и повик до целата генерација да го најдат најдоброто во себе, во другите, во ситуацијата во којашто се наоѓаме.

Како кулминација на целата иницијатива реализиравме и еден од најголемите културно-општествени проекти на Македонски Телеком досега, со целосната поддршка којашто ја дадовме за претставата „Замисли нов свет“ којашто беше поставена во Македонскиот народен театар. Театарскиот проект „Замисли нов свет“ ги оживува зборовите на Стефановски за вечните вредности како што се човечноста, разбирањето и поврзаноста, квалитети што честопати се губат во денешното секојдневие. Претставата е направена во  соработка со Македонскиот народен театар, во режија на Нела Витошевиќ и во продукција на Сектор филм, со извонредна актерска екипа. Со претставата „Замисли нов свет“ не само што ги заокруживме активностите на иницијативата #НаправиМесто, туку  уште еднаш ја демонстриравме нашата поддршка за домашната култура, за трајните вредности и за уметниците коишто оставиле траен белег во нашето културно наследство.

Посветени на подобра иднина

Во денешниот поврзан свет исклучително е важна одговорноста. Одговорност која оди чекор понапред од креирањето супериорна инфраструктура. Одговорност за одржливост и чување на природните ресурси, одговорност за општеството, за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество. Одговорност за заедничка одржлива иднина.

Подобро општество за сите

Ние сериозно ја сфаќаме нашата улога на голем бренд во заедницата и делуваме за да изградиме подобро општество за сите. Наша стратешка определба е поддршка на спортот, културата и филантропијата, со фокус на младите и на ранливите групи.

Македонскиот спорт е еден од сегментите каде што постојано даваме активна поддршка, што традиционално продолжи и во текот на изминатата година. Во 2024 го продолживме партнерството со Ракометната репрезентација коешто трае веќе осма година по ред и ги поддржавме репрезентативците коишто учествуваа на Светското првенство во Катар.

Го поддржуваме и е-спортот, преку T-esport шампионатот, којшто ги ангажира младите ентузијасти и полу-професионални играчи во е-спортови од Источно-централна Европа. Ова е можност за младите играчи да ги покажат своите вештини на голема сцена и да стекнат непроценливо искуство во светот на е-спортот. Македонски Телеком веќе трета деценија е пријател на Охридско лето, манифестација којашто е еден од најголемите промотори на нашата национална култура. 

 А како загревање за летната сезона, ги повикавме младите да бидат дел од „Лето за паметење“, придружено со 10.000 бесплатни музички искуства низ цела Европа и со уникатен настан организиран од Telekom Electronic Beats со DJ HEARTSTRING и Sugababes. „Лето за паметење“ е случување коешто е создадено за младите од земјите од Европа каде што е присутен Дојче Телеком, за да им се овозможи пристап до разновидни музички искуства. Целта е младите од цела Европа да се поврзат меѓу себе и да создадат спомени што ќе ги помнат долго време. 

  Ја користиме технологијата за да обезбедиме поквалитетен живот преку проекти како што е „Итно копче“, во партнерство со Црвениот крст. „Итно копче“ има за цел да се обезбеди брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче коешто се наоѓа на уред во форма на рачен часовник.

  Во 2024 година Фондацијата Телеком за Македонија почна соработка со здружението Конект за платформата за групно донирање www.opop.mk којашто има за цел да им помогне на многу граѓански организации од земјата, коишто се борат за подобар живот на ранливите групи граѓани, здрава животна средина и решавање на локалните проблеми, да соберат средства, но и да се поврзат со потенцијалните идни партнери и донатори.  Сите проекти на платформата имаат широко и/или долгорочно влијание во решавањето на проблемите на граѓаните и во унапредувањето на животот на локалните заедници. Ова е стратешки филантропски механизам којшто им овозможува на донаторите да го зајакнат своето влијание на повисоко ниво здружувајќи ги донациите.

Остануваме посветени на поддршка на вистинските вредности, мотивирани да дадеме поддршка во заедницата во којашто работиме.

culture

Култура

Спорт

sport

Инвестираме во одржлива иднина

Како дел од Групацијата Дојче Телеком, ние сме посветени на намалување на штетното влијание врз природата. Климатските промени нè засегаат сите и имаме заедничка одговорност да направиме разлика. Постигнавме целосна CO2 неутралност во работењето, а преку циркуларната економија сѐ повеќе влијаеме и на намалување на електронскиот отпад. Преку нашата локална акција за намалување на електронскиот отпад, којашто ја носи ознаката Green Magenta, досега се собрани 40.000 стари мобилни уреди. 

Дури 60% од целокупната електрична енергија којашто ја користиме денес потекнува од обновливи извори, а ние остануваме посветени да станеме поодржлива компанија во секој аспект од нашето делување.

Со замената на неверојатни 84,14% од хартиените сметки (фактури) со електронски, успеавме да заштедиме дури 55 тони хартија во текот на изминатите 365 дена. Горди сме што во 2024 година воведовме био-разградливи пакувања за сите уреди коишто ги пуштаме во продажба. Ова претставува голем чекор кон ослободување од амбалажниот отпад којшто не може да се рециклира и е уште една мерка во насока на минатогодишното мото на Денот на планетата Земја, коешто гласи „Планета против пластика“. Притоа, во текот на 2024 година рециклиравме дури 9.600 мобилни телефони преку нашите еко-иницијативи, како што е Еко Попуст. Функционалноста на нашиот Telekom Cloud ни овозможи да постигнеме големи заштеди на електричната енергија од дури 80%. Од друга страна, решенијата за паметен град го подобруваат квалитетот на животот и овозможуваат урбаниот живот да стане поодржлив со намалување на потрошувачката на енергија и на загадувањето со светлина и бучава и со намалување на емисиите на CO2. Токму тоа е итно потребно, затоа што градовите се одговорни за повеќе од 70 проценти од глобалните емисии на СО2.

Покрај тоа што се грижиме да бидеме еко-ориентирани во нашето работење, ние поттикнуваме и иницијативи со коишто апелираме и ја повикуваме  целата заедница да се приклучи кон еко-мисијата за почист, поздрав и поубав свет, а со дигиталните алатки и решенија коишто ги изготвуваме создаваме можности за оваа визија да стане реалност.

Иновациите коишто се развиваат во нашиот систем во иднина ќе ни овозможат не само да заштедиме, туку и да бидеме поефикасни, побезбедни и да имаме поголема контрола врз нашата работа. Нашата стратешка определба е долгорочна и јасно зацртана – да бидеме водечки дигитален оператор којшто се залага за одржлива заедничка иднина.

Обновата на природните ресурси и заштитата ќе бидат нашиот фокус, но и наша обврска, и во годините коишто следат. Нашата цел е сите заедно да создадеме поздрава животна средина и подобра иднина за сите.

2024 година на исклучителни резултати

Македонски Телеком ja затвори 2024 година со успешни резултати, испорачувајќи конзистентен раст во текот на целата година. Успешното работење се темели на стратегијата за пионерство во новите технологии и најдобро корисничко искуство. Приходите од продажбата се зголемија за 2 проценти, а оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) за 0,3 проценти споредено со истиот период минатата година. Нето добивката е зголемена за дури 7,6 проценти, а вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од 2024 година изнесуваат 2,286 милиони денари[ok1].

Продолживме со вложувања во мрежната инфраструктура и во најновите технологии, што го зајакна статусот на најдобра мрежа. Останавме лидери во покриеност со оптика и на крајот на 2024 имаме 344 илјади пристапи до оптика, што е за 9,6 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. Нашата 5G мрежа е достапна за 93 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови. Повторно ја освоивме престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа, како и најдобар квалитет на мобилната мрежа. Супериорното корисничко искуство го продолжи трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 218 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,7 проценти. Во фиксната телефонија, Македонски Телеком, со удел на пазарот од 62,2 проценти и 233 илјади корисници, е лидер на пазарот. Во мобилниот сегмент, уделот на пазарот е 48,1 проценти со стабилна база од 1,28 милиони корисници.   Првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците, Magenta Moments, достигна 280 илјади корисници, а број еден позицијата на пазарот беше потврдена и со TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, како и со индексот Love Brand.

И оваа година активно работевме на еднакво дигитално општество и на намалување на штетните влијанија врз животната средина. Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество, допревме до речиси 33.500 илјади корисници. И годинава ја продолживме еко-акцијата за собирање и рециклирање стари уреди и придонесуваме за намалување на штетните емисии на CO2, со тоа што сме CO2 неутрална компанија. Нашиот тим е двигателот на нашиот напредок и оваа година сме прогласени за најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании на национално ниво. По тој повод, ни беше доделен престижниот сертификат Employer Partner.

Ова е наша долгорочна стратегија и е дел од нашата ESG агенда којашто ќе продолжиме да ја следиме и во наредните години.  [ok1]Да се види дали овој износ е во ред.

Десктоп верзија