Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Data for business

Data Scientist се смета за најдобра професија во ИТ индустријата според истражувањето на LinkedIn, веќе три години по ред. Кој не би сакал да се насочи кон ова?

Повеќе за проектот

Data Scientist е делумно математичар, компјутерски научник и предвидувач на трендови. Оваа вештина е потребна за да се разбере однесувањето на клиентите, како и шемите на различни сегменти на клиенти за да може на крај да им се понудат предлози најсоодветни за нив.

Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година

Што сакаме да постигнеме?

Градење на дополнителено ‘Ниво на податоци за анализа’, независно од постоечката DWH. Правење на модели и релациии, како и прибирање и обработка на големи количини на најразлични видови на податоци и нивна трансформација во соодветна форма.

Вашите секојдневни активности

Ќе учествувате во решавање на деловни проблеми преку користење техники за анализа на податоци, ќе барате редослед и шеми во податоците, ќе ги идентификувате трендовите. Ќе учествувате во проверка на точноста на податоците и ќе давате прецизни деловни дефиниции за моделите или вклучените податоци.

Квалификации

Потребно е основно познавање на дата аналитика, статистичка обработка на податоци, развиени аналитички способности и комуникациски вештини како и желба за data mining. Пожелнo е познавањe од програмски јазици: SQL, R и Python, познавања од работа со алгоритми и компјутерски системи, како и користење на POWER BI.

Зошто да аплицирате?

Ќе работите со големи бази на податоци и ќе ја имате најпопуларната професија во ИТ индустријата.