Дигитални продукти за мали и средни претпријатија
Дали би сакале да бидете дел од оние што создаваат иновативни дигитални продукти за деловните корисници? Сакате ли да развивате Go-to-market сценарија за дигитално партнерство? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.
Повеќе за проектот
Со цел да обезбедиме врвно дигитално корисничко искуство како и да понудиме најдобри дигитални услуги и решенија на пазарот, студентите во овој проект ќе работат на воведување и зајакнување на дигиталните предизпозиции за малите и средни претпријатија.
Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година
Ваши секојдневни активности
Ќе имате задача да собирате, тестирате и евалуирате идеи за дигитални сервиси за мали и средни претпријатија. Да разменувате искуства со експети од Дојче Телеком, од нашите партнери како и од надворешните вендори за позиционирање на Телеком како дигитален партнер за бизнис корисниците. Од вас ќе се очекува да развивате Go-to-market сценарија за продукти за дигитално партнерство како интегриран дел од портфолиото на услуги на Телеком. Ќе сетирате иновативни дигитални продукти по светски стандарди за малите и средни претпријатија.
Квалификации
Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на дигиталните технологии, со основно познавање на процесите на дигитализација и искуство со користење на основни дигитални сервиси. Оние кои се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи со агилен пристап кон работењето.
Предност ќе имаат студентите од E-Business, електротехника и информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство.
Зошто да аплицирате?
Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на B2B и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Сега имате можност да добиете практично искуство за дигиталното патување на корисникот, ќе работите со напредни дигитални апликации и ќе научите како тие работат и функционираат.
АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!