Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Employer branding

Дали би сакале да бидете дел од оние што ги создаваат корпоративните приказни? Да бидете вклучени во развивањето на комуникациски стратегии кои имаат за цел да ја раскажат компаниската визија. Да Работите на претставување на телеком како одлично место за работа согласно најнови трендови? изгледа примамливо, нели? еве и зошто.

Повеќе за проектот

Брендирањето на вработените од страна на компанијата со цел да ги покаже резултатите од своите политики за вработените е еден од новите начини за привлекување на работна сила. Во рамки на проектот, ќе се работи на дефинирање и имплементирање на комуникациски активности со кои треба да се претстави компанијата како одлично место за работа. Наоѓањето на начини за да се подигнете свесноста за компанија како работодавач е клучно за зајакнување на целокупниот бренд на компанијата. Оттука, во рамки на овој проект ќе се таргетираат најмалку две публики: надворешна јавност – потребно е градење на позитивен имиџ и интерна јавност – најмногу во насока на поттикнување на поврзаноста на вработените со компанијата преку различни активности на нивно вклучување. Студентите ќе имаат можност да работат на имплементација на комуникациска стратегија и поддршна на активностите на корпоративни комуникации, преку активна соработка со целната јавност, преку информирање и нивно вклучување, при што се креира свесност за активностите на компанијата и нејзиниот целокупен имиџ. Со цел да да ја пренесеме корпоративната приказна на најдобар начин и да ги поддржиме напорите за врвно корисничко искуство, студентите во овој проект ќе работат на зајакнување на корпоративната стратегија за дигитални и корпоративни комуникации и ќе бидат поддршка на сите процеси кои се одвиваат во секторот за корпоративни комуникации.

Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година

Ваши секојдневни активности

Ќе имате задача да пишувате статии, постови, интервјуа за потребите на интерна и екстерна комуникација, да поддржувате организација на корпоративни настани и да учествувате во создавање стратегии за присутност на платформите на интерните и дигиталните медиуми, како и на социјални мрежи. Ќе креирате постови, ќе фотографирате, снимате и едитирате луѓе и настани, и сето тоа да го осмислите во соодветен комуникациски пакет, ќе пишувате и учествувате во создавање стратегии за присутност на платформите на дигиталните медиуми и социјални мрежи. Ќе бидете и поддршка во редовните административни активности. Ќе имате можност и во соработка со корпоративни комуникации на Дојче Телеком низ работата да учите за светските стандарди на оваа дисциплина. И секако, да бидете дел од креирање на комуникациски приказни за најдобриот телко бренд во Европа, како одлично место за работа и развој.

Квалификации

Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на дигиталните корпоративни комуникации, со добро познавање на социјални медиуми и начините на кои функционираат (планирање и егзекуција на медиумски стратегии, пишување постови, употреба на алатките на односните платофрми), способност за креирање различни содржини на различни дигитални медиуми, со генерални познавања од дизајн, фото и видео изработка, МС Офис и програми за едитирање визуелни содржини и секако, комуникациски и вештини за пишување. Важно е да се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи со агилен пристап кон работењето. Предност ќе имаат студентите од маркетинг, комуникациски студии и новинарство.

Зошто да аплицирате?

Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на корпоративни комуникации и ќе бидете во блиска соработка со интернационални тимови од Дојче Телеком и ПР и маркетинг агенции. Сега имате можност да добиете практично искуство за начинот како една компанија ги креира своите приказни и имиџот во јавноста.

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија