Бранко Станчев

Печати

Преземи

Бранко Станчев е Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком. Пред да ја преземе оваа функција, ги извршуваше функциите Главен оперативен директор за деловни корисници, како и Главен директор за корпоративни прашања.

Станчев и се приклучи на компанијата во октомври 2002 година и држеше менаџерски позиции во различни области, вклучувајќи Директор за маркетинг и комуникации, Директор за цени и CRM, Извршен директор за маркетинг, услуги, цени, големопродажба и регулатива, и Директор за големoпродажба и регулатива.

Станчев има искуство од над 18 години во скоро сите комерцијални области, вклучувајќи ги тука маркетингот, продажбата, ИКТ и големопродажба, како и областите на технологија и регулатива. Својата инженерска кариера ја започна во 1997 година како менаџер за решенија за големи корпоративни проекти, продолжи како ИТ инженер во банкарскиот сектор, по што следуваше ангажман во секторот за Истражување и развој. Пред да се придружи на Македонски Телеком, тој беше дел од врвниот менаџмент на Агенцијата за електронски комуникации.

Бранко Станчев дипломираше во 1997 година на Факултететот за електротехнички науки во Скопје, а има и Магистратура по телекомуникации и Магистратура по деловна адиминстрација.

Десктоп верзија