Развој на дигитални производи
Дали би сакале да бидете дел од тимот што креира нови и единствени ТЕЛЕКОМуникациски ПРОИЗВОДИ? Сакате ли заедно да го збогатиме дигиталното портфолио на МКТ? Ова е големо искуство за вас. Прочитајте зошто?
Повеќе за проектот
Развој на дигиталните производи - сегмент кој што постојано се унапредува и е иднината на корисничкото искуство, како и главен диференцијатор во конкурентна околина.
Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година
Што сакаме да постигнеме?
Унапредување на дигиталното портфолио на МКТ, со што ќе бидеме во чекор со светските трендови.
Вашите секојдневни активности
Ќе вршите анализа и истражување на светските трендови за иновации од областа на корисничко искуство и индивидуализација на телекомуникациски производи. Ќе проценувате применливост на македонскиот пазар. По извршената анализа и избор ќе управувате со тимови и поединци во развојот и имплементирање на избраните иновации и продукти, со цел да ги поставите во редовното портфолио на Македонски Телеком.
Квалификации
Потребно е да имате интерес за развој на мобилни апликации, gamification концепти и ICT трендовите. Работата со Java scripts и Python ќе ја сметаме за предност, а доколку дополнително имате аналитички вештини и сакате да креирате решенија за одредени проблеми со иновативни техники и креативен пристап - Вие сте совршен кандидат за овој проект!
Зошто да аплицирате?
Какво е чувството кога идеите што ги имате оживуваат? Ќе имате можност да учите од искусни професионалци и ќе учествувате во развивање на дигитални концепти кои ќе го подобрат корисничкото искуство.