Соопштенија за медиуми

10.01.2018

Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија

Пред самиот почеток на Европското првенство во Хрватска, Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија. Ракометарите во Загреб ќе се борат за победа со подршка на новиот спонзор, Македонски Телеком.

28.12.2017

Нови ТВ канали на MaxTV

Во пресрет на Новогодишните празници, Македонски Телеком ја освежува својата понуда на ТВ канали достапни на MaxTV, сѐ со цел обезбедување нови содржини и подобри услови за нашите корисници, при што значителен дел од каналите стануваат достапни за сите корисници на MaxTV.

13.12.2017

Уште еднаш потврдена позицијата на Македонски Телеком како оператор на најдобрата мрежа

Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Резултатите се добиени од истражувањето на реномираната агенција „Брима“ – „Аспекти и генерална перцепција на телекомуникациските оператори“, спроведено во октомври оваа година и ги опфаќаат и фиксната и мобилната мрежа. Корисниците сметаат дека Телеком има најдобар квалитет на говорни услуги, но и најстабилен и најсигурен мобилен и фиксен интернет.

13.12.2017

Facebook Messenger Chatbot на Македонски Телеком со врвно светско признание за кориснички услуги

Македонски телеком вброи уште едно значајно признание од светски размери за својот иновативен приод во работата. Овој пат станува збор за светската награда „Деловна брилијантност“ доделена во категорија на кориснички услуги од страна на реномираната британска групација за организација на глобални настани и обуки „БОЦ“.

30.11.2017

Нова Телеком празнична понуда

Во пресрет на претстојните новогодишни празници, Македонски Телеком го збогати Magenta 1 и Smart портфолиото со нови содржини и поволности, во коишто ќе можат да уживаат сите членови на семејството.

1333435 ... 97
Десктоп верзија