Што е MobiPay?

MobiPay e сосема нов начин на безготовинско плаќање овозможен со мобилен телефон директно од:

  • постпејд телефонска сметка;
  • припејд MobiPay сметка;

За користење на услугата, не се наплаќа ниту провизија по трансакција, ниту месечен надомест.

Телеком е првиот мобилен оператор во Македонија, којшто ја нуди услугата MobiPay директно преку месечната постпејд телефонска или припејд Mobipay сметка, овозможувајќи им на тој начин на своите корисници да плаќаат директно од својот мобилен телефон во 380 автобуси на Јавното Сообраќајно Претпријатие. Услугата важи за сите постпејд и припејд корисници на Телеком и е достапна за кој било тип на мобилен уред.

MobiPay преку постпејд сметка

Активирање

Доколку услугата веќе не ви е активирана од Телеком, активирајте ја:

  • Со повик кон бесплатниот број: 14 11 14
  • Со праќање бесплатна SMS порака со текст: START на 14 11 14
  • Со повик кон Визуелниот автомат #180
  • Со повик кон Контакт центарот: 122
  • Во најблиската Телеком продавница

Месечниот лимит изнесува 1000ден.

Деактивирање

  • Со праќање бесплатна SMS порака со текст: STOP на 14 11 14
  • Со повик кон Контакт центар: 122
  • Во најблиската Телеком продавница

MobiPay за припејд корисници

Активирање

Услугата автоматски се активира при првото надополнување на MobiPay ваучер.

Месечниот лимит на надополна и максималсна состојба на сметка, како и за плаќање по MSISDN изнесува 6.000 ден.

Припејд MobiPay сметката се надополнува со купување MobiPay ваучер од 100, 200, 500, 1.000 или 2.000 денари. MobiPay ваучерот не подлежи на ДДВ, односно сумата на MobiPay ваучерот која ќе ја надополните може да се искористи во целост. MobiPay ваучерот можете да го користите само за MobiPay плаќање и не може да се користи за разговори, SMS пораки и интернет.

Деактивирање

  • Со повик кон Контакт центарот на 122
  • Во најблиската Телеком продавница

MobiPay во ЈСП- Скопје

Отсега Користете го Вашиот мобилен и како автобуски билет

MobiPay можете да го користите и како платежно средство во автобусите на Јавното Сообраќајно Претприејатие- Скопје и со него да го платите вашиот автобуски билет. Сė што треба да направите е да го завртите бројот 185 на вашиот телефон и да го доближите до валидаторот. При успешно плаќање ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот, а како потврда за вашата уплата и SMS порака, која треба да ја чувате до крајот на возењето.

Цената на автобуски билет за едно возење изнесува 40 денари, а цената на вечерниот билет е 50 денари.

pageArea reserved, leave empty!!!