Услови за користење
Услови за користење на услугата “MaxTV за Android TV”
Добредојдовте! Со користење на услугата “MaxTV за Android TV” ги прифаќате условите за користење кои се објаснети во продолжение на овој документ.
Со прифаќање на овие услови, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со сите правила за користење на услугата.
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ОВИЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ДА СЕ ОСИГУРАТЕ ДЕКА ВИ Е ЈАСНА СЕКОЈА ОДРЕДБА.
1. “ MaxTV за Android TV” услуга
MaxTV за Android TV претставува услуга која им овозможува на корисниците пристап до телевизиски и видео содржини (во понатамошниот текст ”содржини”) кои се пренесуваат преку интернет и се достапни преку апликација инсталирана единствено на Android TV уред набавен од Македонски Телеком.
Android TV уредот е основен предуслов за следење на содржините од MaxTV за Android TV услугата.
Достапноста на содржините и функционалностите зависат од избраниот пакет и истиот операторот може да го менува во секое време.
Основниот пакет на MaxTV за Android TV услугата е достапен за сите корисници кои ќе набават соодветен Android TV уред од Македонски Телеком, без потреба од активирање. Основниот пакет содржи основен сет национални канали. Основниот сет канали од услугата е достапен преку сите мрежи на територијата на Република Македонија.
2. Активирање на MaxTV за Android TV услугата со сите канали
Aктивирањето на услугата се врши во продажните места на Македонски Телеком, преку повик на 122, преку www.maxtvgo.mk или преку други апликации обезбедени од Македонски Телеком. За активирање на услугата преку интернет, корисникот мора да отвори
“Мој Телеком” сметка, а потоа согласно понудата да активира MaxTV за Android TV пакет. За одредени корисници, услугата со сите канали е достапна без дополнително активирање.
Достапноста и цените на услугата во одредени тарифни модели е наведена во ценовникот на Македонски Телеком АД Скопје.
3. Начин и услови за користење на услугата MaxTV за Android TV.
Услугата со сите канали може да ја користат претплатници кои имаат склучено важечки претплатнички договор со Македонски Телеком АД Скопје (во понатамошниот текст: “Оператор”) за некоја од услугите кои ги нуди Операторот. Услугата со сите канали е достапна само преку фиксната мрежа на Македонски Телеком и заменските технологии за оваа мрежа, на територијата на Р. Македонија.
Основниот сет канали од услугата е достапен преку сите мрежи на територијата на Република Македонија.
Користењето на услугата MaxTV за Android TV и следењето содржини преку MaxTV апликацијата за Android TV се реализира преку интернет и предизвикува потрошувачка на интернет сообраќај. Доколку Android TV уредот нема пристап на интернет или ја имате искористено вклучената количина интернет сообраќај на линијата на која е поврзан уредот, нема да бидете во можност да ги следите содржините од апликацијата.
Не е дозволено копирање или инсталирање на MaxTV апликацијата на Android TV уред кој не е наведен од Македонски Телеком како компатибилен за апликацијата.
Се согласувате да ја користите услугата, вклучително и сите карактеристики и функционалности поврзани со неа, во согласност со сите важечки закони, правила и прописи, вклучително и ограничувањата за јавно прикажување или другите ограничувања за користењето на услугите и содржините. Прифаќате дека нема да архивирате, преземате, репродуцирате, дистрибуирате, разменувате, прикажувате, изведувате, објавувате, лиценцирате, да создавате изведени дела, да ги нудите за продажба или за употреба (освен ако изречно не ве овластуваат овие услови за користење) содржината и информациите кои се содржат на, или се добиени од, или преку услугата, без изречно писмено одобрување од страна на Операторот или на неговите овластени претставници. Исто така прифаќате и дека нема: да заобиколувате, да отстранувате, да изменувате, да деактивирате, да деградирате или да попречувате која било од заштитите на содржините на услугата. Исто така сте согласни и дека нема да ставате, поставувате, да праќате преку е-пошта или на друг начин да праќате или да пренесувате кој било материјал што е наменет за прекинување, уништување или ограничување на функционалноста на кој било компјутерски софтвер или хардвер или телекомуникациска опрема поврзана со услугата, вклучително и компјутерски вируси или кој било друг компјутерски код, датотеки или програми.
Квалитетот на приказот на преносот на содржините може да се разликува од уред до уред, а на него може да влијаат различни фактори, како што се вашата географска локација, вклучениот сообраќај и/или брзината на вашата интернет-врска. Вие сте одговорни за сите трошоци околу пристапот на интернет. Времето што е потребно за почеток на гледање на видео содржините ќе се разликува во зависност од повеќе фактори, вклучително и од вашата географска локација, од достапноста на опсегот во тоа време, од видео содржините што сте ги избрале и од конфигурацијата на вашиот уред.
Операторот може во секое време под одредени околности и без претходна најава веднаш да го прекине или суспендира, целосно или делумно, вашиот кориснички профил или пристап до услугата.
Причините за ова може да бидат:
- (а) Прекршување на овие услови или незаконски и неправилно користење на услугата од Ваша страна;
- (б) По барање или наредба од органите за спроведување на законот, судско тело или други државни органи;
- (в) Неочекувани технички или безбедносно прашања и проблеми;
- (г) Ваше учество во измамнички или незаконски активности; или
- (д) Прекин на правото за реемитување.
Операторот нема да биде одговорен кон Вас или било која трета страна за било каква штета што може да резултира или да произлезе од таквото прекинување или суспензија на Вашата корисничка сметка и/или пристап до услугата.
4. Безбедност на кориснички профил
Вие самите сте одговорни за безбедноста на вашиот профил и за сите активности кои се случуваат или превземаат преку Вашиот профил.
Со споделување на лозинката/пинот за услугата, сопственикот на лозинката/пинот е согласен да ја преземе одговорноста за лицата со кои ја споделил лозинката/пинот, дека лицата ќе се однесуваат во согласност со условите за користење и дека сопственикот на лозинката/пинот е одговорен за постапките на лицата со кои ја споделил лозинката/пинот.
Операторот нема да се смета за одговорен за кои било загуби што произлегуваат како резултат на неавторизирана употреба на Вашиот профил или ако не се придржувате на правилата за користење.
5. Гаранции
Оваа услуга се базира на "како што е" принципот, без никакви експлицитни или имплицитни гаранции од секаков вид. Операторот не гарантира и не презема одговорност за точноста или комплетноста на било какви информации, текст, врски или други предмети содржани во рамките на услугата. Операторот не презема одговорност која може да биде предизвикана од страна на пренос на компјутерски вирус, или други слични компјутерски програми.
6. Ограничување на одговорност
Операторот не гарантира дека употребата на услугата ќе биде непрекината или без грешки. Операторот не е одговорен за било какви загуби кои произлегуваат од користење на услугата.
Операторот нема да биде одговорен за која било штета (вклучувајќи, без ограничување, загуба на профит, прекин на информации, или изгубени информации) или неможноста да се користи услугата. Операторот нема да биде одговорен за губење на податоци или за индиректни, посебни, случајни, последични (вклучувајќи изгубена добивка), или друга штета. Операторот нема да има одговорност во однос на содржината на услугата или било кој дел од него, вклучувајќи но не ограничувајќи грешки или пропусти содржани во неа, клевета, повреди на правата на публицитет, приватност, правото на трговски знак, прекин на соработка, лични повреди, загуба на приватност, моралните права или откривање на доверливи информации.
7. Цена на услугата и начин на плаќање
Цените, достапноста на услугата во одредени тарифни модели и начинот на плаќање се наведени во ценовникот на Македонски Телеком АД Скопје.
8. Промена на условите за користење
Операторот го задржува правото за менување и дополнување на содржината на овие услови за користење на MaxTV за Android TV услугата.
9. Приватност
Заштитата на приватноста односно заштитата на вашите лични податоци е регулиранa во документите за приватност и заштита на личните податоци на Македонски Телеком кои се објавени на официјалната web страница и до кои можете да пристапите преку следниов линк.
10. Начин на комуникација
Преку користење на услугата, се согласувате да примате електронска комуникација од страна на Операторот, поврзана со услугата. Овие комуникации може да вклучуваат испраќање на електронска пошта на вашата електронска адреса или прикажување на пораки за услугата, или на вашата Мој Телеком страна и ќе вклучуваат нотификации за вашата сметка (плаќања, пакети, истекување на претплати, промена на лозинка/пин и други трансакциски информации) кои се дел од користење на услугите од Операторот. Вие се сложувате дека било кои од овие нотификации, договори, објави и сл. ги задоволуваат правните комуникациски потреби и дека ќе се третираат исто како да се настанати по писмен пат. Вие треба да чувате копии од електронските комуникации преку печатење или зачувување на електронски копии.Исто така се согласувате да примате и други комуникации од Операторот поврзани со останатите понуди , информации за промоции и сл.
11. Надлежен суд
Овие општи услови ќе се раководат и толкуваат според позитивните законски прописи на Република Македонија. Со користењето на апликацијата, крајниот корисник се согласува дека секој спор или секое барање, произлезени од или во врска со овие услови, или во врска со нивното спроведување, се во надлежност на Основниот суд во Скопје.
12. Корисничка поддршка
Доколку ви треба помош со услугата, посетете ја веб страницата, контактирајте го Операторот на 122 или kontakt@telekom.mk.
Овие услови стапуваат во сила во моментот на првото користење на MaxTV за Android TV апликацијата.