Линиската брзина (D/U) за Интернет по потреба пакетите е до 20 Mbps / 5 Mbps (Ако нема техничка можност за поголема брзина, Tелеком ќе обезбеди до 15 Mbps / 1 Mbps.).
Линиската брзина го означува вкупниот проток на податоци преку линијата кој може да се оствари по сите основи, вклучувајќи интернет, телефонија и телевизија. Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори како што се: брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот, растојанието до мрежната инфраструктура, бројот на MaxTV канали кои се гледаат/снимаат додека се пристапува на интернет и други фактори. Ако не може да се постигне линиската брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком АД – Скопје се обврзува да ја испорача највисоката можна брзина.