Често поставувани прашања

1.За кого е наменета услугата MaxTV?

Услугата MaxTV е намената за сите приватни и деловни корисници кои сакаат да внесат повеќе забава и уживање во гледањето телевизија. MaxTV ви нуди единствена можност самите да бидете свој ТВ уредник.

2.Kој може да ја добие услугата MaxTV?

Услугата MaxTV можат да ја добијат сите корисници на услугите на Македонски Телеком, чијашто линија ги задоволува техничките барања за оваа услуга.

3. Дали и колку е комплицирано користењето на MaxTV?

Користењето на MaxTV е едноставно и не е покомплицирано од користењето на обичен видеорекордер. Сите команди се наоѓаат на далечинскиот управувач. Услугите, функциите и опциите се гледаат преку менито коешто се појавува на телевизорот.

4.Дали е можно да се склучи договор за MaxTV без телефонски број од Македонски Телеком?

За услугата MaxTV потребно е да имате активна телефонска линија. Притоа, услугата можете да ја добиете како дополнителна вредност на Вашата постојна телефонска линија, во рамките на пакетите 2 Max коишто вклучуваат MaxTV и телефонија, или пак, во рамките на 3 Мах пакетите коишто вклучуваат MaxTV, Мах АDSL интернет и телефонија. Би сакале да Ви обрнеме внимание дека поради технички причини услугата не можете да ја користите доколку сте претплатник на интернет преку друг интернет провајдер којшто исто така нуди DSL услуги.

5.Дали може истовремено да се гледаат телевизиските програми и да се користи интернет?

Да. Во рамките на 3 Мах пакетите коишто вклучуваат МахАDSL интернет и MaxTV, можете истовремено да користите интернет и да гледате телевизија. Со помош на модем/рутер, преку Вашиот компјутер е возможно да користите интернет, додека пак, преку ТВ приемникот да гледате MaxTV.

6.Дали интернет сообраќајот се троши кога се гледа MaxTV?

Интернет сообраќајот не е поврзан со MaxTV сообраќајот, односно, сообраќајот се движи по различни патеки, од причина што системите/платформите функционираат одвоено.

7.Каде можам да проверам колкав интернет сообраќај имам потрошено?

Веб порталот на кој може да се провери статусот на потрошениот интернет сообраќај е Мој Телеком, достапен преку веб страницата telekom.mk. Како корисник на MaxTV, овој податок е достапен на MaxTV преку Мени>MaxTV Екстра>Моја сметка.

8.Дали услугата MaxTV ќе им биде достапна на сите активни корисници на MaxADSL или има ограничувања во зависност од локацијата?

Најголемиот број од корисниците на MaxADSL ги исполнуваат техничките барања за MaxTV. Сепак, за оваа услуга постојат дополнителни технички услови коишто не секогаш се поврзани со локацијата на корисниците, не можат да се занемарат и потребно е дополнително да се испитаат.

9.Дали постои можност MaxTV да се гледа на два ТВ приемника?

Да. MaxTV може да се гледа на два ТВ приемника, за што се потребни два медија приемника: медија приемник 300 и медија приемник 100. Исто така, потребно е да се испитаат техничките можности за обезбедување на услугата на двата приемника. При користењето на два медија приемника, не постои разлика во месечниот надомест за пакетите базирани на ADSL.

10.Каде се обезбедуваат уредите потребни за функционирањето на MaxTV?

Уредите ги добивате на користење при склучувањето договор за MaxTV во продажните салони на Македонски Телеком или кај Вашиот контакт за продажба. Во случај на Optic пакети, постои можност за купување на уредите.

11.Дали се наплаќа премотувањето, паузирањето и снимањето на програмите?

Не, тоа е дел од услугата во пакетите во кои овие карактеристики се вклучени и не се наплатува дополнително.

12.Кој ја инсталира услугата MaxTV?

Услугата MaxTV ја инсталираат специјално обучени екипи од Македонски Телеком, а во случај на пакет за самоинсталација, корисникот треба сам да ја инсталира опремата за што добива прецизно упатство за инсталација. Доколку Ви е потребна дополнителна помош при инсталацијата на опремата, обратете се на бесплатниот телефонски број 122 за техничка поддршка на корисниците, кој е достапен 24x7.

13.Дали MaxTV поддржува HDTV?

Да.

14.Каде можт да се најдат дополнителни информации за услугата MaxTV?

Во сите продажни салонина Македонски Телеком, преку Контакт центарот на 122 и преку интернет на telekom.mk.

15.Каде можат да се најдат упатства за користење на услугата и уредите?

Сите упатства поврзани со MaxTV услугата можете да ги најдете на telekom.mk Корисничка поддршка>Упатства.

16.Во случај на проблеми со услугата или опремата, кому можам да се обратам?

Обратете се на бесплатниот телефонски број 122 во Службата за корисничка поддршка, која е достапна 24 часа на ден, секој ден во годината.

17.Каде можам да поднесам барање и да склучам договор за услугата MaxTV?

Во сите Телеком продажни салони, во Контакт центарот на 122, кај индиректните партнери, како и преку интернет на telekom.mk.

pageArea reserved, leave empty!!!