Детални информации за начинот на предлагање точки и одлуки

Детални информации за начинот на предлагање точки и одлуки на дневниот ред од страна на акционерите

Согласно член 390 од Законот за трговски друштва, Собранието може да одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на дневен ред. Собранието може да расправа, без право на одлучување и за прашања коишто не се уредно ставени на дневен ред. Секој акционер има право во кое било време да поднесува иницијатива за вклучување точки во дневниот ред на собрание коешто ќе биде свикано.

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

Онаму каде што полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање, полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното. Полномошникот мора да води запис за добиените инструкции за гласање, ако имало такви, и да ги чува најмалку една година од денот на одржување на седницата на Собранието на која тој учествувал и гласал, како и да потврди дека ги извршил тие инструкции ако тоа му го побара Друштвото или акционерот од кого добил овластување.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право по писмен пат да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвото. Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието коешто е свикано и/или предлагањето на одлуки за усвојување се испраќа до Одборот на директори на Друштвото во рок од осум дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седница на Собранието на Друштвото.

Десктоп верзија