Е-плаќање за корисници на фиксни услуги
1. Што претставува Е-плаќање?
Преку системот Е-плаќање обезбедена е можност за плаќање на месечните сметки за фиксни услуги - разговори, интернет и телевизија од Македонски Телеком, без провизија и дополнителни трошоци. Услугата Е-плаќање, овозможува да стигнете до платена сметка во само четири чекори без ограничување на времето и местото од каде што ќе го извршите плаќањето. Услугата е достапна 24х7, од секаде во светот преку порталот Мој Телеком.
Е-плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време. Сигурноста на направените трансакции од страна на претплатниците ја гарантира Банката.
Услугата Електронскo плаќање е достапна само за приватни корисници.
2. Безбедност при електронско плаќање
Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол. При вашата посета на порталот Мој Телеком не вршиме прибирање на лични податоци, освен за оние информации за коишто тие се задолжителни или, пак, доброволно ги давате. Личните податоци собрани за време на вашата посета на порталот се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Македонски Телеком не ги собира, ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка. Повеќе за нашата политика и безбедноста на вашите податоците од страна на Македонски Телеком, прочитајте во Политика на приватност и Водич за заштита на личните податоци.
3. Како електронски да платам сметка?
Чекор 1: Трансакцијата започнува во менито Е-сметка каде што во Преглед на неплатени сметки треба да ја одберете неплатената сметка/сметки, да ја проверите е-адресата на која сакате да добиете потврда за платената сметка и да го притиснете копчето „Плати".
Услугата овозможува едновремено плаќање на повеќе сметки. Доколку плаќате повеќе од една сметка, износот во денари ќе биде сумиран и при понатамошните постапки ќе биде платен од вашата платежна картичка. За да добиете потврда за уплатата, задолжително е да ја проверите својата е-адреса. Ако сакате да добивате потврда на друга е-адреса, потребно е да ја смените. Известување за успешноста на трансакцијата ќе добиете на вашата е-адреса. По притискање на копчето „Плати", пристапувате кон извршување на плаќањето.
Чекор 2: Во овој чекор сте пренасочени на страницата овозможена од Стопанска банка, каде што ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, ги оставате Вашите лични податоци и податоците за платежната картичка, како и преглед на внесените податоци од Чекор 1. Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска банка, Македонски Телеком нема увид во податоците што ги внесувате.
Чекор 3: На оваа страница имате можност да ги потврдите внесените податоци и да продолжите понатаму, или да се откажете од електронското плаќање сметки. Сѐ уште се наоѓате на страницата на Стопанска банка.
Чекор 4: По извршување на плаќањето, повторно сте пренасочени на порталот Мој Телеком, каде што Ве информираме за успешноста на трансакцијата. На вашата е-адреса ќе добиете потврда за трансакцијата.