Е-плаќање за корисници на мобилни услуги
1. Со кои платежни картички може елекронски да се плати сметка?
Електронското плаќање сметки е овозможено преку Стопанска банка АД Скопје, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот. Исто така, сметката може да се плаќа и со платежни картички издадени од домашни банки во Македонија кои се користат за електронски плаќања: ТТК банка, Централна кооперативна банка (Силекс Банка), Статер банка, Стопанска банка А.Д. Битола и Зираат банка.
2. Кои други начини се можни за плаќање сметки?
Покрајелектронскиот начин на плаќање преку интернет, сметката можете да ја платите во готово или со платежна картичка од брендовите DINERS , VISA и MasterCard во Tелеком продавниците, во која било експозитура на Стопанска банка, или пак, преку електронско банкарство, во сите експозитури на Македонска пошта. Сопствениците на трансакциска сметка и дебитна картичка во Стопанска банка, Комерцијална банка, Тутунска банка, Про Кредит банка и Уни банка сметката можат да ја платат и преку траен налог. Плаќање преку банкомат можете да реализирате на сите банкомати на Стопанска банка насекаде низ Македонија со платежните картички VISA и MasterCard издадени од Стопанска банка АД Скопје. Mакедонски Телеком исто така ви нуди можност и за плаќање на повеќе рати.
3. Дали постои сигурност/безбедност при електронското плаќање?
Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од приоритетните задачи на Mакедонски Телеком. Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. Сигурноста на направените трансакции од страна на претплатниците ја гарантира Банката. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол. При вашата посета на веб страницата не вршиме прибирање на лични податоци, освен за оние информации за коишто тие се задолжителни или, пак, доброволно ги давате. Личните податоци собрани за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Република Северна Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Mакедонски Телеком ниту ги собира, ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка. Повеќе за користењето на вашите податоците од страна на Mакедонски Телеком, прочитајте во документот „Политика за приватност".
4. Како електронски да платам сметка?
Услугата Електронско плаќање претставува е-плаќање на месечните сметки за постпејд приватните корисници на Mакедонски Телеком и се реализира во четири чекори.
Чекор 1: Трансакцијата започнува во менито Електронска сметка каде што во колоната „Плати" треба да кликнете на неплатената сметка/сметки, да ја проверите е-адресата на која сакате да добиете потврда за платената сметка и да го притискате копчето „Плати". Услугата овозможува едновремено плаќање на повеќе сметки. Доколку плаќате повеќе од една сметка, износот во денари ќе биде сумиран и при понатамошните постапки ќе биде платен од вашата платежна картичка. За да добиете потврда за уплатата, задолжително е да ја проверите својата е-адреса оставена во менито „Мој профил". Ако сакате да добивате потврда на друга е-адреса, потребно е во истото мени да ја смените. Известување за успешноста на трансакцијата ќе добиете со SMS порака и на вашата е-адреса. По притискање на копчето „Плати", пристапувате кон извршување на плаќањето.
Чекор 2: Во овој чекор сте пренасочени на страницата овозможена од Стопанска банка, каде што ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, од левата страна ги оставате Вашите лични податоци и податоците за платежната картичка, а на десната страна се проследени внесените податоци од Чекор 1. Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска банка, Mакедонски Телеком нема увид во податоците што ги внесувате.
Чекор 3: На оваа страница имате можност да ги потврдите внесените податоци и да продолжите понатаму, или да се откажете од електронското плаќање сметки. Сѐ уште се наоѓате на страницата на Стопанска банка.
Чекор 4: По извршувањето на плаќањето, повторно сте пренасочени на порталот Мој Телеком, каде што Ве информираме за успешноста на трансакцијата. На вашата е-адреса и на вашиот мобилен број, ќе добиете потврда за трансакцијата.
Електронската сметка можете да ја платите и преку Плати онлајн порталот, при што е потребно да го знаете бројот на месечната сметка. На овој портал можете да платите до 10 неплатени сметки од различни корисници.
На порталите Мој Телеком и Плати онлајн има демо верзија за плаќањето сметки, со која процесот на плаќање уште повеќе ќе ви се поедностави.
5. Што овозможува Деталната сметка?
Деталната сметка за мобилните и интегрираните услуги овозможува електронска проверка на состојбата на вашата сметка за последните шест месеци - преглед на вашите повици, пораки, користењето интернет и други услуги, како и времетраењето, износот на сметката и типот на сообраќај, и можност да ја испечатите вашата детална сметка во pdf формат, или пак, да го проверите бројот кон кој имате најмногу сообраќај.
6. Која е разликата помеѓу колоните Реализиран износ и Износ со попусти и поволности?
Во реализираниот износ не се вклучени месечната претплата, попустите и поволностите, додека во последната колона се вклучени месечната претплата, попустите и поволностите. Износот што ќе биде фактуриран е многу блиску до износот од последната колона, а разликата може да произлезе поради одложеното пресметување на одреден сообраќај, особено во роаминг.
7. Дали може Деталната сметка да не се прикажува како мени?
Доколку сакате деталната сметка да не ви се прикажува на порталот Мој Телеком, побарајте деактивирање во една од Телеком продавниците. Повторното активирање на менито Детална сметка треба да го направите на истиот начин, со барање приказ во Телеком продавниците.