Е-сметка за корисници на фиксни услуги

1. Што претставува електронска сметка?

Електронската сметка претставува замена за хартиената сметка (фактура) што ја добивате по пошта на вашата адреса, на почетокот од секој месец. Наместо да добивате хартиена сметка, најдоцна до петти во месецот во менито Електронска сметка на порталот Мој Телеком, ќе ја имате месечната сметка. Во прегледот на сметките за вас постојано ќе бидат достапни последните 6 сметки за услугите од Македонски Телеком.

Услугата Електронска сметка е достапна само за приватни корисници.

2. Дали електронската сметка ја добивам преку е-пошта?

Покрај достапноста на електронската сметка на порталот Мој Телеком, на вашата контакт е-адреса заедно со инфромацијата за достапноста на електронската сметка на Мој Телеком, во прилог е доставена и сметката во pdf формат.

3. Како можам да активирам Електронска сметка?

Е-сметка можете да активирате и потоа да ја користите, со давање согласност за замена на хартиената сметка со електронска и со активирање преку:

  • Менито Моја сметка - Е-сметка од Мој Телеком;
  • Со повик во Контакт центарот на 122;
  • Со потпишување Согласност за електронска сметка во Телеком продавниците.

4. Дали можам повторно да добивам хартиена сметка?

Да, услугата Електронска сметка можете да ја деактивирате преку истите канали за активирање:

  • Менито Моја сметка - Е-сметка од Мој Телеком;
  • Со повик во Контакт центарот на 122;
  • Во Телеком продавниците

и од следниот месец повторно да добивате сметка во хартиена форма.

pageArea reserved, leave empty!!!