Е-сметка за корисници на мобилни услуги

1. Што претставува електронска сметка?

Електронската сметка претставува замена за хартиената сметка (фактура) која ја добивате по пошта на вашата адреса, на почетокот од секој месец. Наместо да добивате хартиена сметка, најдоцна до петти во месецот во менито Електронска сметка на порталот Мој Телеком, ќе ја имате месечната сметка.

2. Дали електронската сметка ја добивам преку е-пошта?

Да, покрај информациите за достапноста на електронската сметка на порталот Мој Телеком, на вашата контакт е-адреса во прилог е доставена и месечната сметка за мобилни или интегрирани услуги  во pdf формат.

3. Како можам да користам е-сметка?

Е-сметка можете да користите со давање согласност за замена на хартиената сметка со електронска и со активирање преку:

  • Менито Електронска сметка од Мој Телеком;
  • Преку веб страницата mk
  • Со праќање „e-smetka START" на бројот 1461;
  • Со бесплатен повик на говорните автомати 122 и 1235;
  • Со потпишување Согласност за електронска сметка во Телеком продавниците;
  • Преку Мое мени.

4. Дали можам повторно да добивам хартиена сметка?

Да, услугата Електронска сметка можете да ја деактивирате преку овие  канали:

  • Менито Електронска сметка од Мој Телеком;
  • Со праќање „e-smetka STOP" на бројот 1461;
  • Со бесплатен повик на говорните автомати 122 и 1235;
  • Во Телеком продавниците и
  • Преку Мое мени.

и повторно од следниот месец да добивате сметка во хартиена форма

Десктоп верзија