Согласност за МКБ проверка

Согласен сум

Македонски Телеком АД – Скопје (МКТ) да бара, добива и користи податоци од сите видови извештаи кои ги изготвува МКБ согласно Законот за кредитно биро по однос на моите обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, обврски по основ на користење на други услуги, податоци за секоја блокада и деблокада на (трансакциска) платежна сметка во реално време, како и други податоци од јавни книги и регистри и други јавно достапни податоци.

Податоците од Извештаите добиени од МКБ ќе се користат за:

  • цели на засновање на деловен однос со Македонски Телеком по однос на купопродажба на услугите и производите кои МКТ ги нуди на своите корисници, како и
  • цели на наплата на долг вклучувајќи, но не ограничувајќи се на водење постапки за наплата на долг ( доброволна, судска и/или присилна наплата на долг).

Запознат/a

Запознат/a сум дека имам можност оваа согласност да ја повлечам во секое време со давање на изјава лично во продажни салони на Македонски Телеком или електронски преку интернет порталот на МКТ за преглед и управување со согласности https://moisoglasnosti.telekom.mk.

Десктоп верзија