ПОДОБРА WI-FI ПОКРИЕНОСТ
ВО ВАШИОТ ДОМ

Ако вашиот дом е поголем од 80 m2 или ако имате проблеми со Wi-Fi приемот некаде во домот, сега можете да се поврзете на интернет преку напреден уред со помоќен Wi-Fi сигнал.

Пробајте го помоќниот Wi-Fi 2 месеца бесплатно! Ако сте задоволни, можете да продолжите да ја користите услугата за 59 денари месечно од третиот месец. Во секое време можете да ја откажете услугата без никакви пенали и да го замените напредниот уред со стандарден без месечен надомест. 

КАДЕ ДА ГО ПОСТАВИТЕ WI-FI УРЕДОТ

Често поставувани прашања

Напредниот уредот е погоден ако:
  • имате дом поголем од 80 m2;
  • имате 4 или повеќе соби;
  • имате 2 или повеќе катови;
  • имате дебели ѕидови, столбови или други препреки во домот;
  • имате други уреди кои го попречуват Wi-Fi сигналот;
  • веќе има проблеми со Wi-Fi приемот.
Напредниот уред може да се користи со сите пакети со фиксен интернет за приватни корисници, но особено се препорачува со Internet L пакетите во Magenta 1, Internet & TV и Internet.
Понудата важи за корисници на бакар (ADSL, VDSL) и на оптика (FTTH). Понудата не важи за корисниците на 4G рутер и на Hybrid HGW.
За замена на напредниот уред со стандарден, обратете се во најблиската Телеком продавница по истекот на првите 50, но пред истекот на првите 60 дена.
Напредниот уред го поддржува Wi-Fi стандардот 802.11ac кој може да обезбеди поголем домет, до 15 m или поголем проток (брзина на пристап) од претходните Wi-Fi стандарди. Приемот преку Wi-Fi не може да се гарантира заради други надворешни фактори кои влијаат на Wi-Fi сигналот, како што се дебелина на ѕидовите, столбови или други препреки, како и други уреди во домот кои го попречуват Wi-Fi сигналот. Поради тоа, имате 60 дена бесплатен пробен период, во кои што можете да го пробате помоќниот Wi-Fi со напреден уред и доколку не сте задоволни, можете да го вратите.
Сопственик на напредниот уред е Македонски Телеком, кој има обврска да го одржува, да го сервисира или да го замени, сѐ додека сте корисник на услугата. Доколку ја откажете услугата за фиксен интернет од Македонски Телеком, имате обврска да го вратите напредниот уред.
Ако ја откажете услугата за фиксен интернет од Македонски Телеком и не го вратите напредниот уред, ќе ви се наплати надомест за невратен уред согласно корисничкиот договор, во висина од 4.720 денари или 7.499 денари во зависност од уредот што сте го користеле.
Можете сами на свој трошок да си купите уред со помоќен Wi-Fi, но доколку има дефект треба сами да го носите на сервисирање или да си купите замена ако истекол гарантниот рок. Ако користите напреден уред од Телеком, тогаш нема потреба да се грижите за сервисирање или замена, затоа што Телеком го одржува, го сервисира или го заменува уредот ако има потреба, сѐ додека сте корисник.
Ако еднаш го вратите и повторно земете напреден уред, немате повторно право на бесплатен пробен период од 60 дена.
  • Понудата важи за сите нови и постојни корисници на интернет пакети за приватни корисници (Magenta 1, Internet & TV, Internet, 3 Max, Call & Surf или MaxADSL). Понудата не важи за деловни корисници (фирми, државни институции, итн.). Бесплатниот период од 60 дена следува само еднаш и само при првото активирање на услугата.
  • Засега понудата важи само за корисниците на бакар (ADSL, VDSL). Напредниот уред за овие корисници е од моделот Speedport Plus.
pageArea reserved, leave empty!!!