ОПИС НА УСЛУГАТА ЗА ТРАНСЛАЦИЈА НА ИНТЕРНЕТ ПРИСТАПЕН БРОЈ

Во случај на Услуга за транслација на интернет пристапен број, Македонски Телеком го проследува повикот – што потекнува од Претплатничка точка на пристап во својата мрежа и завршува на претплатнички број што припаѓа на нумеричко поле, доделено на Партнерот зад 055 резервиран за Услугата пристап на Интернет – до Точка за мрежен пристап на Партнерот што припаѓа на истата Локална зона.

Во случај на Услугата за транслација на интернет пристапен број за регионот на Скопје, Македонски Телеком го проследува повикот – што потекнува од Претплатничка точка на пристап во својата мрежа и завршува на претплатнички број што припаѓа на нумеричко поле, доделено на Партнерот зад 055 резервиран за Услугата пристап на Интернет– до Точка за мрежен пристап на Партнерот во Скопје која што припаѓа на друга Локална зона во Скопје.
Во овој случај Партнерот нема локална Точка на присуство - POP во некои Локални зони во Скопје и не користи услуга dial-up порта.

ОПИС НА УСЛУГАТА ЗА ГРУПА НА КОЛА ЗА МРЕЖЕН ИНТЕРНЕТ ПРИСТАП

Услугата за врска за мрежен интернет пристап обезбедува пристап кон PSTN мрежата со ISDN PRI интерфејс и DSS1 систем за сингализација само за прием на Интернет повици на одреден претплатнички број што припаѓа на одредено нумеричко поле доделено на Партнерот зад 055 резервирано за услуга за пристап на Интернет.
Врската за мрежен интернет пристап значи применување и управување на ISDN (30B+D) систем од страна на Македонски Телеком.

Услугата за група на кола за мрежен интернет пристап претставува една или повеќе врски за мрежен интернет пристап. Услугата за група на кола за мрежен интернет пристап значи применување и управување на група на кола за мрежен интернет пристап од страна на Македонски Телеком.

Контакт и информации: e-mail: dcbc@telekom.mk

Десктоп верзија