Андреас Елснер

Печати

Преземи

ЗА АНДРЕАС ЕЛСНЕР

Андреас Елснер доаѓа на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од позицијата Главен оперативен директор за приватни корисници која ја извршуваше од ноември, 2015 година. Тој својата кариера во компанијата ја започна од Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство од ноември, 2014 година каде што имаше водечка позиција и беше ангажиран во сите активности поврзани со планот за корисници и имаше клучна улога во развојот и реализацијата на стратегијата за конвергирани решенија и услуги.

Г-динот Елснер ја започнал својата кариера во индустријата на брзо движечки потрошувачки добра - FMCG (Fast Moving Consumer Goods) и има над шеснаесет години искуство во телекомуникациската индустрија. Претходно работел во Австрија, Србија и Бугарија како виши менаџер за маркетинг во доминантни оператори, но и во оператори што се нови учесници на пазарот. Неговото портфолио вклучува значителни успеси во национален и интернационален маркетинг менаџмент, бренд менаџмент, маркетинг комуникации, формирање на цени и развој на производи, позиционирање на производи и брендови, односи со јавноста, деловен развој и позиционирање на пазарот.
Дипломирал Маркетинг, рекламирање и продажба на Универзитетот во Виена за економија и деловна администрација.

pageArea reserved, leave empty!!!