Бранко Станчев

Печати

Преземи

Бранко Станчев е Главен комерцијален директор на Македонски Телеком од 1 ноември 2017 година. Тој и се приклучи на компанијата во октомври 2002 година и држеше различни менаџерски позиции во различни области, вклучувајќи Директор за големпродажба и регулатива, Извршен директор за маркетинг, услуги, формирање на цени, големопродажба и регулатива, Директор за формирање на цени и CRM и Директор за маркетинг и комуникации.
Пред да ја преземе последната функција, Бранко Станчев беше на позициите Главен директор за корпоративни прашања и Главен оперативен директор за деловни корисници.

Станчев има искуство од над 18 години во скоро сите комерцијални области, вклучувајќи ги тука маркетингот, продажбата, ИКТ и големопродажба, како и областите на технологија и регулатива. Својата инженерска кариера ја започна во 1997 година како менаџер за решенија за големи корпоративни проекти, продолжи како ИТ инженер во банкарскиот сектор, по што следуваше ангажман во секторот за Истражување и развој. Пред да се придружи на Македонски Телеком, тој беше дел од вишиот менаџмент на Агенцијата за електронски комуникации.

Бранко Станчев дипломираше во 1997 година на Факултететот за електротехнички науки во Скопје, а има и Магистратура по телекомуникации и Магистратура по деловна адиминстрација.

pageArea reserved, leave empty!!!