Брзини на пристап
Брзини на 3G технологија (HSPA)
Максимална брзина што може да се постигне со HSPA (3G) технологијата е:
- во DOWNLINK насока (при преземање на податоци) – 42 Mbit/s
- во UPLINK насока (при праќање на податоци) – 5,76 Mbit/s
Услови од кои зависи брзината на пренос:
Фактичката брзина зависи од колку сте оддалечени од базната станица, бројот на корисници кои во моментот ја користат базната станица како и можностите на 3G уредот. Земајќи ги предвид сите овие фактори, може реално да се очекуваат брзини од 1 Mbit/s до 4 Mbit/s што е за околу 10 пати побрз интернет во споредба со GPRS/EDGE.
Брзини на 2G технологија (GPRS и EDGE)
Максимална брзина што може да се постигне со GPRS технологијата е:
- во DOWNLINK насока (при преземање на податоци) – 48 Kbit/s
- во UPLINK насока (при праќање на податоци) – 24 Kbit/s
Максимална брзина што може да се постигне со EDGE технологијата е:
- во DOWNLINK насока (при преземање на податоци) – 236,8 Kbit/s
- во UPLINK насока (при праќање на податоци) – 118,4 Kbit/s
Услови од кои зависи брзината на пренос:
- Мрежна покриеност со GPRS, EDGE технологија. GPRS технологијата е овозможена секаде каде има и GSM сигнал, додека EDGE технологијата е овозможена на поограничена територија. Информација за покриеноста може да се најде на мапата на следниот линк.
- Можностите на мобилниот уред (телефон или картичка-USB-PCMCIA), дали истиот поддржува GPRS и EDGE технологија.
- Класа на мобилниот уред за GPRS и EDGE посебно. На пример, класа 10 за GPRS значи дека уредот поддржува максимална брзина од 48 Kbit/s во downlink, а класа 10 за EDGE значи дека уредот поддржува максималната брзина од 236.8 Kbit/s во downlink.
- Услови во радио мрежата - јачина на приемен сигнал.