Сите припејд корисници кои во тековниот месец ќе надополнат одредена сума, во следниот месец добиваат можност за активирање екстра придобивка по свој избор – дополнителен интернет, викенд минути или Опција Stream On.

Вкупна сума од надополнувања
во тековниот месец
Екстра придобивки
199 – 399 ден. 1 GB интернет  Неограничени викенд минути – 1 викенд
400 ден. и повеќе 4 GB + Опција Stream On Неограничени викенд минути – 4 викенди

Екстра придобивките се достапни и можат да се активираат само преку Telekom MK апликацијата.

По завршување на тековниот месец, во менито Достапни пакети од УПРАВУВАЊЕ СО УСЛУГИТЕ стануваат видливи Екстра придобивките доделени според вкупната сума од надополнувањата во претходниот месец.

Корисниците можат да изберат само една Екстра придобивка во еден месец.*

  • Дополнителниот 1 GB интернет достапен е за користење 7 дена од денот на активирањето.
  • Неограничените викенд минути за разговори, во првата категорија на придобивки, достапни се за користење првиот викенд по активирањето.
  • Неограничените викенд минути за разговори, во втората категорија на придобивки, достапни се за користење 30 дена од активирањето.
  • Пакетот 4GB + Stream On достапен е за користење 7 дена од денот на активирањето. Со Опцијата Stream On добивате можност за неограничено следење MaxTV GO, HBO GO, NETFLIX and YOUTUBE без да се троши основниот или дополнителниот интернет.

* Доколку корисникот веќе има активна Екстра придобивка, новата придобивка, за наредниот месец, ќе му биде достапна за активирање по истекот на важноста на претходната.

* Неограничените викенд минути за разговори, во втората категорија на придобивки, достапни се за користење 30 дена од активирањето (четири викенди по ред).