Fleet Management

Fleet Management претставува интегрирано, лесно приспособливо и квалитетно компаниско решение за лоцирање, следење, управување и контрола на возниот парк. Доколку управувате со компанија која поседува возила или работите со шпедиција, превоз на патници, како и транспорт на најразлични материјали, тогаш имате потреба и од правилно менаџирање на трошоците од возниот парк.

Како функционира

Со Fleet Management, сите возила се опремени со вградени GPS уреди, коишто ги следат позицијата и параметрите на возилото (пр: брзината, километражата, горивото, и др.) и праќаат податоци до Fleet Management серверот преку најбрзата GRPS мрежа во Македонија. Серверот врши анализа на добиените податоци и овозможува нивни приказ на дигитална мапа или преку различен тип на извештаи. Пристапот до податоците е преку Fleet Management апликациите на едноставен начин за што на корисникот му е потребен обичен персонален компјутер кој има интернет конекција. Системот овозможува рационализација на операциите, како и зголемување и подобрување на капацитетот на мобилните ресурси (возачи и возила), благодарение на напредната технологија, како што се GPS (Global Positioning System), мобилната комуникациска мрежа и дигиталните мапи, интегрирани заедно во едно решение.

Практични примери за ефекти од користењето на Fleet Management

  • Намалена потрошувачка на гориво
  • Намалени трошоци за одржување
  • Зголемена оптимизација на компанискиот возен парк
  • Намален број на неовластени возења
  • Зголемена оптимизација на работната сила

Дополнителни бенефиции

  • Подобрување на безбедноста на вработените и возилата
  • Поквалитетно одлучување
  • Поквалитетно извршување на работните задачи
  • Подобрен компаниски имиџ

Цени за користење на Fleet Management услугата

За користење на Fleet Management услугата се плаќа месечна претплата согласно избраниот пакет на опрема и функционалности. Подолу во табелите се дадени тарифните модели за Основниот пакет и за Напредниот пакет на опрема.

Fleet Основен (цените се без 18% ДДВ)  
Месечна претплата 599 ден.
Fleet Напреден (цените се без 18% ДДВ)  
Месечна претплата 699 ден.

Напомена:

  • Интернет (GPRS) сообраќајот во национална мрежа потребен за нормално функционирање на услугата е вклучен во претплатата.
  • Месечната претплата се калкулира пропорционално на деновите во месецот во кои услугата се користи (SIM картичката е активна на соодветен Fleet менаџмент тарифен модел).
  • За да се користи Fleet Management услугата, потребна е специјална хардверска единица која се инсталира во возилото/возилата на Корисникот.
Основно решение Основно надградено решение Напредно решение
GPS уред и СИМ картичка (со вклучена инсталација во возило)
24 месеци гаранција
Уред за навигација и мапи со можност за двонасочна комуникација со возачот
Веб апликација за следење на возила (track & trace)
Клиентска апликација за автоматска оперативна контрола
Поврзување со фабричкиот сензор за гориво
Реактивна техничка поддршка
Проактивна техничка поддршка
Цена на уред без 18% ДДВ 9.930 ден. 13.015 ден. 28.972 ден.
Месечна рата на уред без 18% ДДВ (договор на 24 месеци) 460 ден. 603 ден. 1.345 ден.
Тарифен модел Fleet Основен Fleet Напреден Fleet Напреден

Цените на месечните рати се со вклучена годишна камата од 11%.

Клиентска апликација за автоматска оперативна контрола

  • Автоматизација на брзината на возилата преку креирање сопствени географски региони на мапа и автоматска контрола на брзината во рамките на овие региони со различни лимити на брзината. Кога брзината е надмината, системот ви праќа аларми и креира извештаи.
  • Автоматизација на контрола на работно време преку поставување на правила за возилата во рамките на работното време/надвор од него или за време на викенд.
  • Автоматизација на дозволени места на посета и контрола на ноќно паркирање преку креирање специфични географски региони (ваши места за продажба, магацини, бензински станици, места за дистрибуција на стока итн.) со правила за влез, излез, стопирања во рамките на овие региони. Притоа, системот ви праќа аларми при прекршување на правилата и креира извештаи.

Целосна контрола за потрошувачка на гориво

Важи за Основното надградено решение и за Напредното решение.

Fleet Management апликацијата преку своите извештаи, овозможува со помош на податоците кои ги добива од сензорот за гориво, да знаете колку гориво е дополнето, а колку е потрошено, во сите ваши возила.

Идентификација на возач

Важи за Основното надградено решение и за Напредното решение.

Тип на опрема Цена без 18% ДДВ
Опрема за идентификација на возач – RFID читач 125 KHz
(вклучена инсталација)
2.511 ден.
RFID персонализирана картичка
(доколку немате своја компаниска картичка за идентификација)
183 ден.

Дополнителна опрема и сензори

Важи за Основното надградено решение и за Напредното решение.

Fleet Management овозможува вградување дополнителна опрема и сензори во возилата, кои праќаат податоци до Fleet Management серверот, како што се: сопствен сензор за гориво (за возила кои немате фабрички сензор), сензор за температура на мотор, уред за одалечено гаснење на мотор и многу други. Користењето на дополнителната опрема или приклучувањето/инсталацијата на сензори со понудената хардверска опрема зависат од типот, моделот и годината на производство на возилата и треба да бидат дополнително разгледувани.

Достапност насекаде и во секое време

Fleet Management услугата е хостирана во нашиот Дата центар, со висока достапност, исполнети безбедносни стандарди и постојан back-up на податоци. Услугата е достапна преку Интернет од кој било Интернет провајдер и обезбедува иницијална инсталација на опремата во возилата со 24-месечна гаранција и сервисна поддршка, едукација на корисниците на системот, поддршка на корисниците, како и одржување на системот.

Сервисот е овозможен со помош на GSM/GPRS мрежа која има покриеност со квалитетен сигнал на повеќе од 98,5% од целокупната територија на Република Македонија. Македонски Телеком, исто така овозможува пристап до GPRS мрежата во повеќе од 120 земји преку своите 260 роаминг партнери.

Затоа, не грижете се, вашите возила ќе ви бидат достапни насекаде и во секое време. Најдобрата мобилна мрежа во Македонија го гарантира тоа.

Со воведување на Fleet Management, вашата компанија добива целосна контрола над возниот парк, намалување на трошоците и можност за оптимизација на ресурсите.

Вложувањето во поефикасни начини на работење е секогаш исплатлива инвестиција. Донесете го вистинското решение.

Напредно решение

Наменета е за компании со голем број возила или за компании со возила од специјализирани индустриски сегменти, т.е. за градежни компании, аграрни компании, компании кои вршат дистрибуција на нафта итн.

Дополнителни информации:

За сите дополнителни информации, пратете е-порака на supportfleetmanagement@telekom.mk и закажете лична презентација во вашата компанија.

pageArea reserved, leave empty!!!