Gley
Gley

Моментите поминати со најблиските вистински не поврзуваат. Затоа, за празниците, споделете забава со Gley. Активирајте без дополнителен надомест, преку апликацијата Telekom MK.

*Gley понудата важи за сите приватни MaxTV корисници и може да се користи без дополнителен надомест до 23.01.2024 година. Корисниците кои имаат активен Gley пакет пред стартот на понудата, истата треба да ја активираат за да го следат без дополнителен надомест до 23.01.2024 година. По истекот на овој период, доколку не се деактивира, Gley пакетот ќе продолжи да се наплаќа по редовна цена од 299 денари месечно.

Што е GLEY

GLEY е првата македонска национална стриминг платформа која на едно место нуди богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии, како и детска програма комплетно синхронизирана на македонски и албански јазик.

Gley ви овозможува:

  • Пристап до забавни и едукативни содржини за сите возрасти, целосно преведени на македонски и албански јазик;
  • Нови содржини секоја недела;
  • Беспрекорна HD-слика и висококвалитетен звук;
  • Кориснички интерфејс на македонски, албански и англиски јазик;
  • Родителска заштита, за ограничување на пристапот до содржини несоодветни за деца;

Како се активира GLEY

GLEY пакетот може да го активирате директно на MaxTV со вашиот далечински управувач на следниот начин:

Постапка за активирање:

  1. Мени > ТВ Пакети > Дополнителни пакети
  2. преку Telekom MK App,
  3. со повик во Контакт центарот на 122,
  4. или во најблиската Телеком продавница

Со активирање на Gley Standard пакетот на MaxTV, добивате целосен пристап до богат избор на серии и играни филмови од домашна, регионална и светска продукција, директно преку видеотеката на MaxTV без никакви технички ограничувања поврзани со вашиот ТВ уред.

Содржините на Gley, освен на вашиот ТВ уред, можете да ги следите и на останатите уреди, како: лаптоп, компјутер, смартфон или таблет.

Лаптоп или компјутер – пристапете до Gley на www.gley.mk. преку стандардните интернет пребарувачи.

Смартфон или таблет - пристапете до Gley преку GLEY апликацијата достапна за преземање на Apple App Store и Google Play Store

Десктоп верзија