Големопродажната ADSL услуга е услуга за широкопојасен пристап базирана на ADSL  технологијата на Македонски Телеком, развиена за брз Интернет пристап. Услугата, користејќи ја постоечката стандардна бакарна парица инсталирана во телефонската пристапна (претплатничка) мрежа, обезбедува можност за асиметричен пренос на податоци со голема брзина како дополнение на традиционалните телефонски услуги заради имплементирање на Интернет пристап. 

Кај големопродажната ADSL услуга со вклучен Интернет peering, податочниот сообраќај од ADSL  претплатниците се проследува преку IP мрежата на Македонски Телеком кон Интернет. Македонски Телеком ќе обезбеди точка на превземање за автентикација до точката на присуство на ISP (Интернет Сервис Провајдер) во Скопје. За големопродажната ADSL услуга без Интернет peering, податочниот сообраќај од ADSL  претплатниците се проследува преку IP мрежата на Македонски Телеком кон точката на присуство на ISP во Скопје. ISP треба да обезбеди меѓународен и домашен peering на сообраќајот кон Интернет.

ISP може да нарача големопродажна ADSL услуга на PSTN/ISDN линија за крајниот корисник на истата PSTN/ISDN линија. Под краен корисник се подразбира претплатник на ISP на кого ISP му обезбедува  малопродажна ADSL услуга.

Контакт и информации: e-mail: dcbc@telekom.mk

Десктоп верзија