Кои се придобивките од користење на HR4me Cloud?
HR4me Cloud е интегрирано решение кое ќе ви овозможи:
Целосна контрола на HR процесот во компанијата;
Флексибилност во однос на организациската структура и интерните правила и процедури;
Зголемување на транспарентноста кон вработените и унапредување на интерната комуникација;
Подобрување на административната ефикасност;
Збир на информациите за сите вработени на едно место;
Достапност од сите уреди (PC, смарт уреди – таблети, телефони).
Кој може да ја користи апликацијата?
HR4me Cloud може да ја користи која било компанија која сака да го поедностави процесот на водење на човечки ресурси.
Дали е потребна каква било IT инфраструктура?
За да го користите HR4me Cloud решението не ви е потребна никаква сложена IT инфраструктура. Решението е веб базирано и е достапно од кој било уред со интернет конекција и тоа преку некој од веб прелистувачите: IE10, Google Chrome, Mozilla Firefox.
Што содржи апликацијата?
HR4me Cloud е модуларно решение, составено од три сегменти:
Модул за водење на персонална евиденција: водење на персонално досие за секој вработен;
Модул за пресметка на плати: автоматска пресметка на плата за секој вработен;
Портал за вработени: модул каде што секој вработен пристапува до своето персонално досие.
Дали се безбедни личните податоци на секој од вработените со оглед на тоа што ќе бидат поставени на сервери на Телеком?
Решението е хостирано на редундантна виртуелизирана хардверска инфраструктура инсталирана во целосно опремен и заштитен податочен центар со најсовремени системи и постапки за одржување. Од Телеком е обезбеден и постојан мониторинг и двојна заштита на податоците.