Брзо
и моќно.

А14 Bionic, најбрзиот чип на пазарот на смартфони. OLED-дисплеј што се протега од раб до раб. И ноќен режим на секоја камера.

Купи сега

Дизајн и дисплеј

Гледај.
И биди виден.

Најдобриот дисплеј на iPhone што нуди неверојатен контраст и повисока резолуција. Со четири пати подобра заштита од паѓање Ceramic Shield.

Super Retina XDR
Ист дисплеј како iPhone 12 Pro

Безжично поврзување

Ајде да забрзаме

Со LTE, брзини до 2 Gbps. Преземај серии, поставувај фотографии и гледај видеосодржини со висок квалитет, побрзо од кога и да e досега. И тоа на повеќе места, со повеќе LTE-опсези од кој било друг смартфон.

A14 Bionic

Чипот што ги урива
сите бариери.

А14 Bionic е најбрзиот чип поставен во смартфон. Благодарејќи на 16-јадрениот Neural Engine, обработува трилиони операции секоја секунда. И е суперефикасен за долг век на батеријата.

A14 Bionic
Ист чип како и iPhone 12 Pro

Систем на двојна камера

Сега, малата осветленост
е ѕвезда на вечерта.

Благодарејќи на ноќниот режим достапен на сите камери, слабо осветлените фотографии, па дури и
селфи-фотографиите добиваат нов слој детали.

Нови функционалности на iPhone 12

Камера Ultra Wide со која можеш да фотографираш во ноќен режим.

Wide Камера што "уловува" 27% повеќе светлина.

Видео

Затемни.
Камера. Снимај.

iPhone 12 ти овозможува да снимаш, да уредуваш и да репродуцираш видеозаписи Dolby Vision. Со помош на AirPlay, можеш да ги гледаш на твојот Apple TV или на друг смарт телевизор.

Night mode Time-lapse Видеата во ноќен режим ги "ловат" светлината и движењето при користење статив.

10-битните HDR-видеозаписи содржат 60 пати повеќе бои од 8-битните видеа.

Зошто iPhone

Затоа што iPhone е еден и единствен.

Поедноставен и интуитивен, па лесно ќе се снајдете со само еден допир или лизгање по екранот.

Чип дизајниран од тимот на Apple, кој е брз, ефикасен во однос на моќноста и интелигентен.

Траен и со долготрајна вредност iPhone е направен да трае и да ја задржи својата вредност подолго од кој било друг смартфон.

Секој аспект е дизајниран со цел да ги заштити твоите приватни податоци.

Правни напомени

Трајност
Тврдење засновано врз керамичкиот заштитен слој на iPhone 12 и iPhone 12 Pro во споредба со моделите на iPhone од претходната генерација.

Дисплеј
Дисплејот има заоблени рабови со убав закривен дизајн, при што аглите се во стандарден правоаголник. При мерењето на правоаголникот, димензиите на екранот се 5,42 инчи (13,76 сантиметри) (iPhone 12 mini), 5,85 инчи (14,8 сантиметри) (iPhone 11 Pro, iPhone XS, iPhone X), 6,06 инчи (15,3 сантиметри) (iPhone 12 Pro, iPhone 12, iPhone 11, iPhone XR), 6,46 инчи (16,4 сантиметри) (iPhone 11 Pro Max, iPhone XS Max) или 6,68 инчи (16,9 сантиметри) (iPhone 12 Pro Max) дијагонално. Екранот на кој се прикажува слика, всушност, е помал.

Мобилна мрежа
Потребен е тарифен модел. 5G и LTE се достапни на одредени пазари и преку избрани мобилни оператори. Брзината се заснова врз теоретски пресметки и зависи од условите на терен и од можностите на самиот мобилен оператор. За дополнителни информации за поддршката на 5G и LTE, обратете се кај вашиот мобилен оператор и посетете ја веб-страницата apple.com/iphone/cellular.

Моќност и батерија
Сите тврдења во врска со трајноста на батеријата зависат од мрежната конфигурација и од голем број други фактори, па според тоа, реалните перформанси се разликуваат од прикажаното. Батеријата има ограничен циклус на полнења и може да биде потребна нејзина замена од страна на овластен застапник на Apple. Животниот циклус на батеријата и циклусите на полнење зависат од начинот на користење и од поставките. За повеќе информации, пристапете на apple.com/batteries и на apple.com/iphone/battery.html.

Apple Arcade
Потребно е да се претплатите за користење на услугата Apple Arcade.

Репродукција AirPlay
Потребен е Apple TV или друг телевизор што поддржува AirPlay.

Достапност
Можно е одредени опции да не бидат достапни во одредени земји или места.

Додатоци
Додатоците се продаваат одделно.

Десктоп верзија