Македонски Телеком официјално се здоби со признание за квалитетот во својата работа во однос на корисниците, партнерите и заинтересираните страни со воведување на повеќе ISO сертификати во последните неколку години.

ISO сертификацијата на Македонски Телеком му обезбедува конкурентска предност на македонскиот телекомуникациски пазар, но и зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето на секој поединец во компанијата.

Делокругот на ISO 14001:2015 е следниот:

Инженеринг, продажба и малопродажба на телекомуникациски, ИТ и електронски услуги, опрема и системи.

Делокругот на ISO 9001:2015 е следниот:

Дизајн, развој, имплементација, продажба и обезбедување на фиксни и мобилни телекомуникациски, ИТ и електронски услуги, опрема и системи. Продажба на додатоци и сервис на мобилни телефони

Делокругот на ISO 27001:2013 е следниот:

Користење на информации, информатички системи и информтички средства што опфаќа објекти, податоци, софтвер, хартиени документи и персонал во врска со инженеринг, продажба, обезбедување и малопродажба на фиксни и мобилни телекомуникациски, ИТ и електронски услуги, опрема и системи, и сервис на мобилни телефони

Делокруг на ISO 20000-1:2018 е следниот:

Управување со услуги за продажба и обезбедување на телекомуникациски услуги, ИКТ, системска интеграција, мобилни податочни услуги и ИКТ опрема за деловни корисници.

Делокругот на ISO 22301:2012 е следниот:

Системот за Управување со континуитет во деловното работење го поддржува обезбедувањето на критични комерцијални мобилни и фиксни телекомуникациски услуги, ИТ и електронски услуги.


Делокругот на ISO 45001:2018 е следниот:

Дизајн, развој, имплементација, продажба и обезбедување на фиксни и мобилни телекомуникациски, ИТ и електронски услуги.

Политика за животна средина на Македонски Телеком АД – Скопје

Политика за животна средина на Македонски Телеком АД – Скопје, како водечки оператор во областа на телекомуникациските услуги во земјата, ја превзема одговорноста и се обврзува да го почитува законот за животна средина и друга регулатива поврзана со животната средина и да се залага за постојано подобрување на влијанието на компанијата врз животната средина.

Во согласност со тоа, Македонски Телеком го смета за најважно извршувањето на своето работење со свесност за своето влијание врз животната средина и затоа ќе се труди ваквиот став да го примени во целост во сите свои операции, грижејќи се да ги изведува своите активности на национално ниво како “Одговорен Граѓанин”.

преземи документ

Политика за квалитет на Македонски Телеком АД – Скопје

преземи документ