Водечки телекомуникациски оператор

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор, којшто е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата ги обезбедува следните услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија. Македонски Телеком се изгради и се позиционираше во компанија којашто ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите.


Ја градиме мрежата на иднината

Неопходен предуслов за дигитализацијата на едно општество е напредна, стабилна и докажана мрежна инфраструктура и инвестиции во најновите технологии. Затоа продолжуваме да ја градиме најдобрата мрежа во Македонија и први да ги воведуваме најновите технологии на пазарот. Македонски Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа и го покри поголемиот дел од урбаните области со технологијата од најновата генерација. Паралелно со мобилната, се развива и оптичката мрежа, а бројот на оптички пристапи постојано расте. Остануваме посветени на развојот на мрежата и најновите технологии за да обезбедиме постојана комуникација и поврзаност на сите корисници.


Доверлив партнер на бизнисите

Ние сме доверлив партнер на бизнисите во дигиталното време,; креираме иновативни, сигурни, едноставни производи и решенија за поефикасна дигитална трансформација, раст и развој. Големиот избор на ИКТ и паметни решенија, како и безбедноста на податоците, се гаранција за успехот на секоја компанија. Посветени сме на креирање ИКТ и паметни решенија, како што се платформите за паметен град, коишто ќе го олеснат животот, ќе ја подобрат економијата и ќе креираат поздрава животна средина.


Посветени на заштитата на животната средина

Наша амбиција е да ја искористиме технологијата за надминување на предизвиците наметнати од модерното време. Затоа активно учествуваме во борбата со климатските промени, преку: ефективно користење на ресурсите, дигитализација на процесите, намалување на отпадот и обнова на биодиверзитетот.

Десктоп верзија