НАШИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА И ПОСТАПКИ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ОПШТЕСТВО ВО КОЕ ЖИВОТОТ СЕ НЕГУВА ВО ИНТЕРЕС НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Наша стратешка цел е да станеме глобален лидер во Поврзани живот и работа. За нас, тоа значи и лидер во корпоративната одговорност.

Како едни од најзначајните играчи во македонското деловно опкружување, имаме одговорност да поставиме стандарди и да бидеме движечка сила во развојот на општеството и тоа во сите сегменти - на еколошки, екомонски и социјален план.

Од продукти и сервиси, до инфраструктура, логистика, па дури и нашите вработени – нашата стратегија за корпоративна одговорност се протега до сите области на нашето секојдневно работење.

Заштита на животната средина

Компаниите работат во насока на намалување на ризиците од глобалните климатски промени.
Една од иницијативите во оваа насока е намалување на отпадот преку селектирање на отпадниот материјал на хартија, пластика, метал и друг вид на отпад, собирање на старите мобилни апарати, како и понатамошно постапување со селектираниот отпад, според локалните закони.

Вработените и менаџерите се поттикнуваат да ја намалат потрошувачката на хартија, како и патувањата со авион и да користат алтернативни методи кои се подеднакво ефикасни, како што е употреба на електронски документи, теле-конференции, користење на автомобили на пократки релации итн.

Инвестиции во мрежата на иднината

Компаниите се пионери во технолошката еволуција и инвестираат во мрежата на иднината.
Во 2013 година, Македонски Телеком го мигрираше и последниот корисник на новата IP мрежа, со што стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол (ALL IP). Модернизацијата на мрежата започна во октомври 2011 година и за само 25 месеци, со инвестиција од 13 милиони евра сите 290.000 линии беа мигрирани на новата платформа.

Оваа технологија на новото време, користи интернет протокол за пренос на говор, што овозможува да се користат услуги од новата генерација и така да се одговори на сé поголемите потреби на корисниците во иднина. Истовремено 250.000 kg опрема беа демонирани и заменети и се ослободи простор од 5.000 m2 - површина со големина на  главниот плоштад во Скопје.

Во 2013 година, T-Mobile Македонија е првиот оператор во земјата што воведе 4G, мрежа која отвара неограничени можности во светот на мобилните комуникации.  

FTTH мрежата ја следи истата патека, пред една деценија широкопојасните услуги започнаа со 128 кбит/с, а на крајот на 2013 година, Македонски Телеком нуди 1 Gbit/s и 100.935 поминати домови, што е 18% покриеност на домаќинства.

Спроведување на Одржливост

Компаниите воведоа проект за систем за управување со добавувачи со цел да се подобри односот помеѓу компанијата и нејзините добавувачи преку поредовна и оптимизирана комуникација.  Една од конкретните цели на проектот е проценка на извршувањето на работата на добавувачите од перспектива на одржливоста.  Ова вклучува проценка на одржливото финансиско, техничко, комерцијално и административно извршување на работата на добавувачите на ниво на целата компанија.

Социјални и специјални тарифи

Како технолошки лидери кои се стремат да создадат дигитално општество на иднината, свесни сме дека треба да ги вклучиме и ранливите групи, да им дадеме еднаква можност да бидат поврзани и да комуницираат според нивните потреби.

Македонски Телеком во својата понуда вклучуваа социјален тарифен модел за корисниците на социјална помош на коишто им се потребни само говорни услуги, кои добиваат бесплатна припејд фиксна телефонска линија. Освен тоа, во понудата се вклучени и специјална понуди за постари лица, пензионери и лица со посебни потреби, со најниски месечни претплати.

pageArea reserved, leave empty!!!