MaxTV по потреба

  • MaxTV само кога ви треба
  • Активирајте за период од 3 дена, 7 дена или 1 месец
  • Плаќајте само за периодот во кој користите MaxTV
  • Можност за Интернет по потреба
  • Можност за дополнителни ТВ пакети по потреба.

MaxTV по потреба

За сите кои имаат потреба од користење на MaxTV и/или интернет само повремено. За сите кои ги поминуваат одморот и викендите во своите викендички.

  • Пакетите MaxTV по потреба можете да ги активирате на дополнителна локација, каде што постои техничка можност за MaxTV.
  • Бројот на ТВ каналите и карактеристиките на услугата зависат од избраната опција за MaxTV по потреба: Basic или Start.
  • MaxTV услугата може да се активира во времетраење од 3 дена, 7 дена и 1 месец.
  • Понудата е наменета за постојните корисници на Magenta 1, 3 Max, 2 Max, Call & Surf, MaxADSL и Optic пакетите.
  • Сите надоместоци за MaxTV по потреба доспеваат на домашната сметка од Македонски Телеком.

MaxTV по потреба Basic Start
ТВ услуга Дигитална телевизија Дигитална телевизија со снимање, паузирање и премотување
ТВ канали До 50 ТВ канали До 80 ТВ канали
Опции за активирање 3 дена, 7 дена и 1 месец 3 дена, 7 дена и 1 месец
Дополнителни ТВ пакети по потреба (*) MaxSport +, HBO, Max Tring +
MaxTV видеотека Неограничен пристап
Интернет по потреба Пакетите Интернет по потреба се активираат и наплатуваат независно од MaxTV пакетите по потреба
Говорна услуга (1) Достапнa при активирање на пакетите по потреба
Разговори За разговорите важат редовните цени по минута согласно ценовникот на Македонски Телеком
Опрема  
Терминална опрема и интегриран уред за безжичен пристап вклучен
Медија приемник вклучен
Инсталација на орема Само-инсталација

За активирање на услугата се наплаќа еднократен надомест, и тоа за користење само на опцијата Интернет по потреба, или за користење на опцијата Интернет по потреба и соодветно избраниот MaxTV пакет по потреба (Basic или Start).

Еднократниот надомест може да се плати на прва сметка од Македонски Телеком или на 24 рати.

Еднократен надомест Интернет по потреба MaxTV Basic + Интeрнет по потреба MaxTV Start + Интернет по потреба
Во готово 2.400 ден. 4.800 ден. 7.200 ден.
На 24 рати 100 ден./месечно 200 ден./месечно 300 ден./месечно

По обезбедување на MaxTV услугата на дополнителната локација, пакетите се активираат преку MaxTV апликацијата на вашиот телевизор, во времетраење од 3 дена, 7 дена или 1 месец, согласно на вашите потреби.

MaxTV по потреба (2) Тридневен пакет Седумдневен пакет Едномесечен пакет
Цена според времетраење 99 ден. 199 ден. 499 ден
Времетраење на пакетот 3 дена. (по истекот на 72 часа, услугата се прекинува) 7 дена (по истекот на 168 часа, услугата се прекинува) 1 месец (по истекот на 30 дена, услугата се прекинува)
ТВ пакет Basic/Start Basic/Start Basic/Start

Сите надоместоци за MaxTV по потреба доспеваат на домашната сметка од Македонски Телеком.

(*) Дополнителните ТВ пакети се по избор на корисникот, со доплата согласно на пакетот и времетраењето. Со активен пакет MaxTV по потреба, имате можност да активирате дополнителни ТВ пакети по потреба, и тоа HBO, MaxTV Sport + и MaxTV Tring +, за период од 3 и 7 дена, или 1 месец.

(**) Со активен пакет MaxTV по потреба, имате можност да изнајмувате содржини од MaxTV видеотеката по редовни цени.

(1) При активирање на еден од пакетите MaxTV по потреба, се активира и говорната услуга, која е активна само во период кога е активен и пакетот MaxTV по потреба. За говорната услуга важат редовните цени по минута според ценовникот на Македонски Телеком.

(2) Пакетите MaxTV по потреба се активираат преку MaxTV апликацијата на вашиот телевизор.

Интернет по потреба

За сите кои имаат потреба од користење на интернет и/или MaxTV само повремено. За сите кои го поминуваат одморот и викендите во своите викендички.

  • Пакетите интернет по потреба можете да ги активирате на дополнителна локација, каде што постои техничка можност за MaxTV.
  • Интернет по потреба се активира и наплатува независно од пакетите MaxTV по потреба.
  • Интернет услугата може да се користи во времетраење од 3 дена, 7 дена и 1 месец.
  • Понудата е наменета за постојните корисници на 3 Max, 2 Max, Call & Surf, MaxADSL и Optic пакетите.
  • Сите надоместоци за Интернет по потреба доспеваат на домашната сметка од Македонски Телеком
  • За корисници кои имаат активирано MaxTV по потреба, нема дополнителен еднократен надомест за активација.

Интернет по потреба Тридневен пакет Седумдневен пакет Едномесечен пакет
Линиска брзина (D/U) (1) До 2 Mbps / 512 Кbps До 2 Mbps / 512 Кbps До 2 Mbps / 512 Кbps
Вклучен сообраќај (D+U) Неограничен Неограничен Неограничен
Политика на фер користење По истек на 10 GB, брзината се намалува до 256 Кbps / 256 Кbps По истек на 25 GB, брзината се намалува до 256 Кbps / 256 Кbps По истек на 25 GB, брзината се намалува до 256 Кbps / 256 Кbps
Времетраење на пакетот 3 дена
(по истекот на 72 часа, услугата се прекинува)
7 дена
(по истекот на 168 часа, услугата се прекинува)
1 месец
(по истекот на 30 дена, услугата се прекинува)
IP адреса Динамична Динамична Динамична

За активирање на услугата се наплатува еднократен надомест, и тоа за користење само на опцијата Интернет по потреба, или за користење на опцијата Интернет по потреба и соодветно избраниот MaxTV пакет по потреба (Basic или Start).

Еднократниот надомест може да се плати на прва сметка од Македонски Телеком или на 24 рати.

Еднократен надомест Интернет по потреба Интернет по потреба + MaxTV Basic Интернет по потреба + MaxTV Start
Во готово 2.400 ден. 4.800 ден. 7.200 ден.
На 24 рати 100 ден./месечно 200 ден./месечно 300 ден./месечно

По обезбедување на услугата на дополнителната локација, пакетите Интернет по потреба се активираат преку Click & Connect интернет страницата за активирање на услуги, во времетраење од 3 дена, 7 дена или 1 месец, согласно на вашите потреби.

Интернет по потреба Тридневен пакет Седумдневен пакет Едномесечен пакет
Надомест според времетраење 99 ден. 199 ден. 499 ден.

Како да активирам Интернет по потреба?

Услугата Интернет по потреба можете да ја активирате:

  • Преку интернет страницата за активација на услуги. Ако немате интернет, а имате фиксна линија од Телеком:
    • поврзете се на ви-фи (Wi-Fi) мрежата именувана со иницијалите на физичкото лице, или името на правното лице, кое е претплатник на телефонската линија (на пример: TP@TELEKOM или IME_NA_FIRMA@TELEKOM);
    • во вашиот Wi-Fi уред (лаптоп, смартфон или таблет) внесете го WLAN клучот (WPA/WPA2) кoј го пишува на задната страна на рутерот;
    • отворете го  прелистувачот и автоматски ќе се отвори интернет страницата за активација на услуги.
  • Со јавување на телефонскиот број 142 300 и следење на инструкциите на говорниот автомат. Повикот е бесплатен од фиксната мрежа на Македонски Телеком


По активирањето, како да се поврзам на Интернет по потреба?

На интернет можете да се поврзете со мрежен кабел или безжично преку Wi-Fi:

  • За жичано поврзување, само поврзете мрежен кабел од првата порта на рутерот до вашиот компјутер, без никакви дополнителни подесувања.
  • За безжично поврзување, во вашиот Wi-Fi уред (лаптоп, смартфон или таблет) внесете го WLAN клучот (WPA/WPA2) кoј го пишува на задната страна на рутерот. Името на Wi-Fi мрежата се состои од иницијалите на физичкото лице, или името на правното лице, кое е претплатник на телефонската линија (на пример: TP@TELEKOM или IME_NA_FIRMA@TELEKOM).

При активирање на еден од пакетите Интернет по потреба, се активира и говорната услуга, која е активна само во период кога е активен и пакетот Интернет по потреба. За говорната услуга важат редовните цени по минута според ценовникот на Македонски Телеком.

(1) Линиската брзина го означува вкупниот проток на податоци преку ADSL линијата кој може да се оствари по сите основи, вклучувајќи интернет, телефонија и телевизија. Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори како што се: брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот, растојанието од ADSL приклучокот до мрежната инфраструктура, бројот на MaxTV канали кои се гледаат/снимаат додека се пристапува на интернет и други фактори. Ако не може да се постигне линиската брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком АД – Скопје се обврзува да ја испорача највисоката можна брзина.

Дополнителни ТВ пакети по потреба

  • За да се активира дополнителен ТВ пакет, потребно е да имате активирано пакет MaxTV по потреба.
  • Активирањето на дополнителните програмски пакети е преку MaxTV апликацијата на вашиот телевизор.
  • ТВ пакети по потреба се достапни во времетраење од 3 дена, 7 дена и 1 месец.


Дополнителни ТВ пакети по потреба Тридневен пакет Седумдневен пакет Едномесечен пакет
HBO 79 ден. 149 ден. 354 ден.
Max Sport + 49 ден. 99 ден. 249 ден.
Max Tring + 49 ден. 99 ден. 249 ден.
Времетраење на пакетот Максималното времетраење на пакетот е 72 часа, но не може да трае подолго од MaxTV пакетот. По истекот на 72 часа односно времетраењето на MaxTV пакетот, дополнителниот ТВ пакет се деактивира. Максималното времетраење на пакетот е 168 часа, но не може да трае подолго од MaxTV пакетот. По истекот на 168 часа односно времетраењето на MaxTV пакетот, дополнителниот ТВ пакет се деактивира. Максималното времетраење на пакетот е 30 дена, но не може да трае подолго од MaxTV пакетот. По истекот на 30 дена односно времетраењето на MaxTV пакетот, дополнителниот ТВ пакет се деактивира.

(*) Времетраењето на дополнителниот ТВ пакет не може да трае подолго од пакетот MaxTV по потреба.

pageArea reserved, leave empty!!!