За да имате увид во сите содржини и да ги користите сите можности потребно е да се регистрирате, при што пополнувате форма за регистрација и ги оставате своите лични и професионални податоци. Секој корисник е одговорен за податоците кои ги објавува и гарантира за нивната валидност.
За да започнете да го користите системот треба да се најавите со Корисничко име и Лозинка. Преку следните страници ќе имате увид во:
Мои огласи - огласите на кои имате аплицирано се сместуваат во делот "мои огласи", со што Ви се овозможува брз пристап до избраните огласи и следење на нивниот статус.
Мое портфолио - презентирање на професионалното портфолио и постојана проверка или менување на веќе внесените податоци. Податоците внесени во Вашето портфолио ќе бидат заштитени и видливи само за вработените од Секторот за вработување и селекција на Македонски Телеком.
Мои документи - можност за приложување на скенирани документи (дипломи, сертификати, слика, мотивациско писмо и сл.)
Преку нашите страници обезбедена е и можност за следење на тековните, но и изминатите огласи за вработување.
Тековни огласи - прелистување на сите активни огласи за работа и можност за пријавување на истите.