{{cart.Items.length}}

Преносливост на број - задржете го бројот и преминете во понуда создадена за вас!

Со услугата Преносливост на број можете слободно да преминете во мобилната мрежа на Македонски Телеком од која било друга мобилна мрежа, задржувајќи го својот број заедно со префиксот (075, 076, 077 или 078).

Како да пренесете број во мобилната мрежа на Македонски Телеком?

Доколку сакате да пренесете постпејд број:

  • Поднесете Барање за склучување претплатнички договор со пренесување број во мобилната мрежа на Македонски Телеком во која било наша продавница;
  • Доставете ги вашите документи за склучување нов мобилен постпејд договор и
  • Понесете сметка/фактура од операторот од каде што преминувате.

Доколку сакате да пренесете припејд број:

  • Поднесете Барање за пренесување број во која било наша продавница;
  • Понесете ја својата лична карта и
  • Идентификувајте се со PUK број од СИМ картичката од операторот од каде што сакате да преминете.

Како да препознаете дали бројот е пренесен во друга мобилна мрежа?

При воспоставување повик, преку звучен сигнал можете да препознаете дали бројот припаѓа на мобилната мрежа на Македонски Телеком  или е пренесен од/во друга мобилна мрежа. Звучниот сигнал е краток и се слуша пред воспоставувањето на повикот, само при повикување број пренесен во мобилна мрежа различна од онаа на која според префиксот припаѓа повикувачкиот број.

Кога претплатник на мобилната мрежа на Македонски Телеком повикува фиксен број, звучниот сигнал означува дека повиканиот број се наоѓа во мрежа на фиксен оператор кој не е носител на бројот или дека бројот ја променил географската локација во рамките на истото нумерациско подрачје, но останал во мрежата на истиот оператор.

Како да проверите на која мобилна мрежа припаѓа бројот?

Доколку сакате да проверите на чија мобилна мрежа припаѓа бројот што сакате да го повикате, на располагање ви се следниве начини:

  • Пратете бесплатна SMS порака на 070 170 со текст: 3897YXXXXXX или 07YXXXXXX
  • Јавете се на бесплатниот број 070 170 и следете ги гласовните инструкции или
  • Искористете ја апликацијата подолу, впишете го телефонот за кој сакате да ја извршите проверката во формат YXXXXXX, внесете ја оптичката потврда и кликнете "Барај".

Општи услови при пренесување мобилен број

  • Можете да извршите само пренос на припејд во припејд, постпејд во постпејд и припејд во постпејд број.
  • Можете да извршите пренос на број за говор, а не и на податочни (дата) и Факс/податочни броеви.
  • Рокот за пренесување број во мобилната мрежа на Македонски Телеком e 2 (два) работни дена од денот на поднесувањето на барањето. При пренесување број во мобилната мрежа на 
    Македонски Телеком ќе добиете нова СИМ картичка.
  • Ако вашиот мобилен телефон е заклучен (кодиран), Македонски Телеком не може да изврши отклучување (декодирање).
  • Одложување или откажување на Барањето за пренесување број не е можно.
  • Преминување во друга мрежа или враќање во старата, можете да побарате во рок не пократок од 30 дена од започнувањето на услугата.
  • Можете да побарате пренесување број во друга мрежа. Цената изнесува 236 денари.

Ве очекуваме во Телеком продавниците каде што во секое време вработените ќе ви помогнат при изборот на понудата која во целост ќе ги исполни вашите потреби и барања.

pageArea reserved, leave empty!!!