Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

OneApp проект

Дали сте во тек со дигиталните трендови од иднината? Дали сакате да работите на подобрување на корисничкото искуство? Ако Вашиот одговор е да, прочитајте повеќе и аплицирајте.

Повеќе за проектот

Со користење на надградената верзија на апликацијата за само-грижа, корисниците на МКТ имаат можност да ги употребуваат збогатените функционалности на самата апликација, истовремено подобрувајќи го своето корисничкото искуство. Збогатената апликација главно се фокусира на промена на тарифните модели коишто корисниците ќе можат сами да ги комплетираат, да направат продолжување на договорот и да набават електронски уреди, со добивање на директен пристап до МКТ HGW (Home Gateway), интегрирани SDK модули на трети страни (пр. VITO, livechat…), да обезбедат усогласени известувања што доаѓаат од системите што работат во позадина, анализа и многу други услуги.

Времетраење на проектот: 12 месеци

Што сакаме да постигнеме?

Спроведувањето на OneApp проектот ќе овозможи надградба на новата генерација на апликацијата за само-грижа на Македонски Телеком, преку која корисниците ќе можат лесно и онлајн да управуваат со своите телекомуникациски потреби.

Вашите секојдневни активности

Ќе вршите онлајн дигитална продажба преку мобилната апликација за само-грижа. Ќе обработувате кориснички барања за специфични апликации. Ќе управувате и креирате дигитални кампањи на мобилната апликација и ќе работите на нејзино развивање и подобрување. Потребен е проактивен пристап со кој може да се предвидат идните нови функционалности за мобилната апликација. Ќе правите интеграција на барања од различни фактори вклучувајќи ги и оние од ДТ.

Квалификации

Овој проект е наменет за студентите од доменот на ИТ, како и Е-бизнис. Доколку поседувате тимски дух, комуникациски способности, способност за решавање на проблеми, аналитички вештини, проактивност и имате интерес за web технологии, мобилни апликации, е-бизнис, онлајн услуги, анализа на податоци и веб аналитика, ве очекуваме во нашиот тим.

Зошто да аплицирате?

Дали ви звучи возбудливо да работите на подобрување на корисничкото искуство, користејќи ги дигиталните трендови од иднината и учејќи од врвни професионалци во ова поле?