За правилно функционирање на пакетот потребен е соодветно инсталиран и конфигуриран уред за интегриран пристап и медија приемник. Уредите ги обезбедува Македонски Телеком.
Може да изберетe опремата за Вас да ја поврзе тим на Македонски Телеком, или во случај на пакет со самоинсталација, потребно е сами правилно да ја поврзете и конфигурирате опремата.
Упатствата за инсталација и употреба на уредите можете да ги преземете ТУКА.
Доколку во процесот на поставување и користење на опремата ви е потребна помош, јавете се на бесплатниот телефонски број 122 во Службата за техничка поддршка на корисници, каде ќе добиете инструкции за инсталација на опремата.