ПО ОМИЛЕНИТЕ СТАПКИ НА
ВАШИОТ МИЛЕНИК

ВАШИОТ МИЛЕНИК БЛИСКУ ДО ДОМА И КОГА ЛУТА

Прецизна локација на
вашиот миленик во
апликацијата 24/7

Oтпорен на дожд и
прскање со вода

Батерија којашто трае до
10 дена со едно полнење

Компактен уред со тежина
од 36 грама

СЛЕДЕТЕ ГИ ОМИЛЕНИТЕ АВАНТУРИ НА ВАШИОТ МИЛЕНИК

И вашиот миленик си има омилени места за коишто можеби вие не сте свесни.

Затоа, со помош на My Pet Tracker – 4G/LTE GPS имате можност да ја следите точната локација на вашиот миленик преку апликацијата Safe Family во вашиот смартфон. Дополнително, уредот има и опција за повик, за да можете да го дозвиете својот миленик доколку заталкал подалеку од домот. Овој уред е идеален за домашни миленици со тежина од 5 кг и повеќе.

Што вклучува пакетот?

  • My Pet Tracker
  • Ланче
  • Гумена заштитна футрола
  • SIM картичка со My Pet тарифа
  • USB кабел
  • Апликација
  • Упатство за употреба
Pet Tracker

Пакет за миленици

My Pet Tracker

4690 ден.

Eднократен надомест за уредот или на 24 месечни рати по 209 денари

My Pet тарифа

199 ден./месечно

300 MB интернет сообраќај и лиценца за Safe Family апликацијата

Кои се функционалностите на My Pet Tracker?

Лоцирање на вашиот миленик 24/7

Со помош на прецизното лоцирање и долготрајната батерија, ќе знаете точно каде се движи вашиот миленик.

Команда од далечина

„Мирен!“, „На место!“, а и сите останати команди можете да му ги наредите на вашиот миленик без потреба да го повишите тонот.

Поставување сигурносни зони

Поставете сигурносни зони на движење за вашиот миленик за да бидете навремено информирани доколку се оддалечи од нив.

Можност за испраќање SOS сигнал

Доколку некој го пронајде вашиот миленик, ќе може да ви испрати порака со неговата точна локација.

Слушајте го вашиот миленик

Со My Pet Tracker имате и опција да го слушате вашиот миленик дури и кога не сте дома или покрај него. Проверете дали вашиот миленик е вознемирен, дали лае или лојално ве чека да се вратите дома.

АПЛИКАЦИЈА SAFE FAMILY

Следете го вашиот миленик во реално време со апликацијата Safe Family.

Лоцирајте го вашиот миленик на повеќе начини и без грижи: преку СМС,
на веб или преку апликација на кој било уред.

Maps tracker

Прашања и одговори

Airtags целосно зависат од близината на мобилниот телефон и се поврзани со него преку Bluetooth сигнал,додека My Pet Tracker не зависи од мобилниот телефон бидејќи има своја SIM картичка со 4G/LTE конекција, што значи дека ќе работи дури и да нема мобилен уред во близина, што придонесува за поголема безбедност за вашиот миленик.

За непречено да ја користите апликацијата, треба да се регистрирате со вашиот број (не оној којшто доаѓа со вашиот уред). Откако ќе ја преземете апликацијата преку Google Play или Apple Store, пријавете се во апликацијата со вашиот број и лозинка и поставете ги посакуваните функционалности.

Изберете го уредот којшто сакате да го пронајдете, кликнете на „Локација“ во апликацијата и по неколку моменти локацијата на вашиот миленик ќе биде видлива на вашиот мобилен телефон.

Исто така, можете да го лоцирате вашиот миленик со звучен сигнал на My Pet Tracker. Во менито, кликнете на „Повеќе“ и одберете „Аудио репродукција“.

Ако сте во близина на My Pet Tracker, кликнете на копчето „Слушнете“ во менито и одговорете на телефонскиот повик од вашиот уред.

Користењето на оваа функција за слушање и примање дојдовен повик од уредот автоматски го намалува бројот на минути достапни во пакетот во зависност од тоа колку долго ви е вклучена оваа функција.

Движејќи се надолу во менито ќе ја видите опцијата „Зони“. Изберете „Додај зона“, доделете ѝ име и адреса или посочете ја соодветната локација на мапата за да ја прилагодите големината на зоната.

Кликнете „Зачувај“ и во следниот, последен чекор, изберете ги известувањата што сакате да ги добивате.

Ако сакате да избришете зона, изберете ја и во следниот чекор кликнете на иконата за поставки, а потоа кликнете на иконата со корпа за отпадоци во горниот десен агол.

Десктоп верзија