Македонски Телеком АД ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на својата  интернет страница само за информативни цели.

Во оваа прилика, Македонски Телеком АД ве информира дека пребарувањето на  интернет страниците на компанијата истовремено значи и прифаќање на следните услови:
Интернет страниците на Македонски Телеком АД, содржината или било кој дел од истите се заштитени со авторски права. Само компанијата има право да ги остваруваат правата кои произлегуваат од истите.

Содржината на интернет страниците на Македонски Телеком АД треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи овие страници да се променат независно од волјата или надвор од контрола на Македонски Телеком АД. Поради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, компанијата не презема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на информациите, документацијата или другите писмени материјали објавени на интернет страниците.

Т корпоративниот бренд , T – Home брендот за услуги од фиксната мрежа и широкопојасни услуги и производи, како и имињата и пораките на сите производи  и услуги на Македонски Телеком АД  се предмет на заштита на правото на трговски знак. Сите активности кои се предмет на правото на трговски знак и сите права (вклучувајќи ги тука и етичките права) поврзани со овој вид на активности се задржани.

Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на интернет страниците во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од Македонски Телеком АД. Сепак, како начин на слободно користење, компанијата ви дозволува да ги зачувувате содржините од овие страници или да ги печатите од вашиот компјутер, за ваша лична употреба.

Македонски Телеком АД го задржува правото да ги менува или трансформира своите интернет страници во било кое време. Исто така, Македонски Телеком АД може да го ограничи или да го прекине пристапот до нив. Македонски Телеком АД не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до страниците. Компанијата категорично отфрла било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или до другите писмени материјали кои се достапни на истите, несоодветна состојба на страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност.

Забрането е да се постави било каков линк со  интернет страницата без претходно писмено одобрение од Македонски Телеком АД. Дури и да се добие такво одобрение за поставување на линк, забрането е вградување на било какви елементи од содржината на страницата во друга интернет страница (во форма на рамка или вграден линк). Исто така, со горенаведеното одобрение може да се воспостави линк само со почетната страница на www.telekom.mk.
Македонски Телеком АД не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни со коишто е поставен линк или кои се однесуваат на страниците на Македонски Телеком АД.

Доставувањето на писмен материјал од ваша страна (во e-mail порака испратена до било кој наш сервер или преку нашите интернет страници) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува. Со доставувањето на материјалот до нас, прифаќате дека Македонски Телеком АД може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против Македонски Телеком АД во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против Македонски Телеком АД, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на Македонски Телеком АД.

Некои страници на Македонски Телеком АД можат да содржат и други одредби, во согласност со правилата на важечкиот закон и заради тоа, познавањето и прифаќањето на тековните правила и применувањето на условите е предуслов за употреба и користење на индивидуалните услуги.

Десктоп верзија