За сите нотифицирани оператори на јавни комуникациски мрежи и даватели на јавни комуникациски услуги Македонски Телеком АД – Скопје обезбедува физички пристап и користење на специфични мрежни елементи и / или придружни средства на Македонски Телеком АД – Скопје, а истите можат да се искористат за обезбедување на електронски комуникациски услуги.
Македoнски Телеком АД – Скопје им овозможува на операторите на јавна комуникациска мрежа и давателите на јавна комуникациска услуга да им обезбедат на своите претплатници и/или други даватели на фиксна телефонска услуга, мобилна радио телефонска услуга и/ или мрежна услуга со користење на услугите за пристап на специфични мрежни средства и/или придружни средства согласно техничките расположливи капацитети на Македонски Телеком АД – Скопје за соодветен надомест.

Ве молиме Вашите барања за конкретната услуга, подетални информации и појаснувања да ги испраќате на е-маилот на Деловниот Центар за интерконекција и големопродажба на Македонски Телеком АД – Скопје: dcbc@telekom.me

За секое поднесено барање за соодветната услуга, ќе Ви биде одговорено за условите за обезбедување на физички пристап и користење на специфични мрежни елементи и / или придружни средства согласно техничките расположливи капацитети на Македонски Телеком АД – Скопје.

ПРИСТАП И СПЕЦИФИЧНИ МРЕЖНИ СРЕДСТВА НА Македонски Телеком АД – Скопје

Десктоп верзија