Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Програма за дигитално партнерство

Дали би сакале да бидете дел од тимот што креира нови и единствени дигитални сервиси за деловни корисници? Сакате ли заедно да го збогатиме дигиталното портфолио на МКТ? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто?

Повеќе за проектот

Програмата за дигитално партнерство подразбира собирање на идеи за дигитални услуги од надворешни вендори од државата и странство, со цел Телеком да се позиционира како дигитален партнер на пазарот за деловни корисници. Преку оваа активност ќе развиеме пазарни сценарија за продукти за дигитално партнерство и воедно ќе го збогатиме дигиталното портфолио на МКТ. Процесот подразбира евалуација, анализа, селекција, тестирање и управување со идеите и решенијата за дигиталниот продукт или услуга за деловни корисници, за влез на пазарот како партнерство со надворешни вендори.

Времетраење на проектот: 6 месеци, со можност за продолжување.

Вашите секојдневни активности

Ќе работите на истражување на можностите на пазарот за влез на дигитални продукти креирани од мали компании (партнери на МКТ). Ќе ги евалуирате и тестирате продуктите, со цел да се согледа бенефитот од нивното инкорпорирање во портфолиото на МКТ.

Квалификации

Предност ќе имаат студентите од E-Business, електротехника и информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство и економски факултет.

Зошто да аплицирате?

Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на B2B. Ќе добиете практично искуство за анализа, евалуација, креирање, промоција и пласирање на пазарот на дигиталните сервиси за деловни корисници, преку секојдневна комуникација со потенцијалните партнери на МКТ.