Повеќе заштита за
безгрижно сурфање со
SafeNet HOME и
SafeNet MOBILE

Најдобрата мрежа сега и најсигурна

Покрај досега постојната SafeNet MOBILE, за сите корисници во Magenta 1, сега овозможивме
SafeNet HOME, услуга за поголема безбедност во пребарувањето на фиксната мрежа.

Нашата мрежа е постојана и сигурна. Меѓутоа, безбедното пребарување на интернет, во голема мера зависи од она што го правите додека сте онлајн. Преземањето софтвер, купувањето и плаќањето сметки онлајн носат ризици со себе кои не можете секогаш да ги забележите.

Затоа се тука услугите SafeNet HOME и SafeNet MOBILE – тие автоматски го проверуваат вашиот фиксен или мобилен интернет сообраќај и веднаш ве информираат за можните закани.

Услугите SafeNet HOME и SafeNet MOBILE

Ви нудат заштита од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање

Не бараат инсталации и ажурирања на вашите уреди

Функционираат без оглед на типот на уред или оперативен систем

Сурфајте на најсигурната
Мрежа во земјата

Услугите SafeNet HOME и SafeNet MOBILE, интегрирани во фиксната и мобилната мрежа на
Македонски Телеком, автоматски ги проверуваат веб-страниците што ги посетувате и ги блокираат потенцијалните закани, уште пред тие да дојдат во контакт со вашиот персонален компјутер, смартфон или таблет.

Кога сурфате на сигурна веб-страница, тогаш не ни забележувате дека SafeNet HOME и SafeNet MOBILE и работат во позадина.

Доколку несвесно ја напуштите сигурната зона и наидете на веб-страница со некаква закана, тогаш благодарение на овие услуги ќе добиете известување и пристапот ќе биде ограничен заради ваша безбедност.

SafeNet HOME

SafeNet HOME е услуга која се грижи за вашата безбедност додека сурфате дома, преку фиксната мрежа на Македонски Телеком, без оглед дали сте поврзани преку Wi-Fi или мрежен кабел. Услугата ги заштитува сите уреди кои се поврзани на фиксната мрежа од вашиот дом

Услугата е достапна и ќе им се активира автоматски на сите нови корисници на актуелното Magenta 1 портфолио, како и на корисниците на Internet & TV и Internet портфолијата.

При првото активирање, услугата ја добивате промотивно 28 дена без надомест. Потоа, услугата се наплаќа:

  • 29 денари месечно за Magenta 1 корисниците
  • 49 денари месечно за Internet & TV и Internet корисниците

Активација и деактивација на SafeNet HOME услугата ќе биде овозможена и преку Telekom MK апликацијата.

safenet mobile ec

SafeNet MOBILE

SafeNet MOBILE е услуга која се грижи за вашата безбедност додека сурфате на мобилната мрежа на Македонски Телеком.
Достапна е за сите приватни корисници кои располагаат со вклучен интернет во претплатата.

SafeNet MOBILE се активира автоматски кај сите нови приватни постпејд корисници со вклучен интернет во претплатата.

При првото активирање, услугата ја добивате промотивно 4 недели без надомест. Потоа, услугата се наплаќа 29 денари месечно.

Прашања и одговори

SafeNetMobile и SafeNet Home се вметнати во мобилната и во фиксната мрежа и на нивното користење не влијае видот на уредот што го имате, ниту пак, оперативниот систем. Независно дали користите Apple уред со iOS, Android, PC или лаптоп, вашиот уред е безбеден при сурфањето на интернет. Со SafeNet Mobile и SafeNet Home сте заштитени секогаш.
Со активирање SafeNet Home сите ваши уреди се заштитени штом ќе се поврзат на интернет преку вашата домашна мрежа. На уредите не мора да се инсталира дополнителна заштита.
И фиксната и мобилната мрежа на Телеком се и понатаму сигурни, но станува збор за она што го правите на интернет. Никогаш не можете да бидете целосно сигурни дали линкот или веб-страницата се безбедни, а услугите SafeNet Home и SafeNet Mobile се тука да ви пружат дополнителна заштита.
Точно, многу интернет пребарувачи, како на пример Google Chrome, веќе блокираат многу небезбедни веб-страници. Но, SafeNet Home и SafeNet Mobile вршат многу пообемна контрола и на тој начин можат да откријат и да блокираат многу поголем број вируси и други онлајн закани.
Со SafeNet Home и SafeNet Mobile, преку софистицирани механизми за филтрирање проверуваме дали некоја веб-страница е наведена на т.н. „црна листа“ на небезбедни веб-страници. Доколку веб=страницата е означена како ризична, ја блокираме. SafeNet Home врши и скенирање на HTTP сообраќајот како дополнителна заштита од злонамерен софтвер.
Не, SafeNet Mobile не е достапна кога сурфате во странство.
Да. Целиот ваш податочен сообраќај преку мобилната мрежа на Телеком е заштитен. Значи, ако сурфате од вашиот таблет, користејќи интернет од мобилната мрежа преку Wi-Fi hotspot од вашиот мобилен уред, услугата SafeNet Mobile сѐ уште ве заштитува.
Дури и кога свесно се трудите да сурфате само на сигурниот дел од интернетот, секогаш е можно да кликнете на фишинг линк или да ве начека вирус. Постојат сѐ повеќе лажни страници кои се толку професионално направени што е тешко да се разграничат од оригиналните.
Услугите SafeNet HOME и SafeNet MOBILE се нудат и активираат посебно. SafeNet HOME може да се активира преку Telekom MK апликацијата или со повик на нашиот контакт центар на 122. SafeNet MOBILE може да се активира со повик на 149777 (преку говорен автомат), или со повик на нашиот контакт центар на 122.

Телеком е телекомуникациски оператор со услуги од највисок квалитет, според истражувањето „Перцепцијата на граѓаните за телекомуникациските оператори на македонскиот пазар“ спроведено во октомври 2020 година, на национално репрезентативен примерок, од агенцијата за истражување на пазарот СТРАТУМ РиД.

Десктоп верзија