{{cart.Items.length}}

Семејно осигурување

  • Искористете ја можноста да купите полиса за семејно осигурување од незгода и месечниот надомест за истата плаќајте го преку вашата телефонска сметка.

Мое семејство, моја осигурителна полиса!

Одберете една од двете опции, во зависност од посакуваната сума на оштета и заштитете се.

Семејно осигурување од несреќи Start Comfort
Месечен надомест 149 ден. 199 ден.
Покриеност со полисата
Смрт како резултат на сообраќајна несреќа 100.000 ден. 190.000 ден.
Траен инвалидитет од 31 – 100%, како резултат на сообраќајна несреќа 100.000 ден. 190.000 ден.
Болнички третман за повреди од сообраќајна несреќа 500 денари/ден
(максимум 25.000 ден.)
900 денари/ден
(максимум 45.000 ден.)
Операција поради сообраќајна несреќа
Операција од I ниво 100.000 ден. 190.000 ден.
Операција од II ниво 50.000 ден. 95.000 ден.
Операција од III ниво 25.000 ден. 47.500 ден.
Смрт како резултат на други несреќи 50.000 ден. 95.000 ден.
Траен инвалидитет од 31 – 100%, како резултат на други несреќи 50.000 ден. 95.000 ден.
Годишна сума по фамилија 100.000 ден. 190.000 ден.
Максимален број на осигурени членови по полиса неограничено неограничено

Условите и карактеристиките на производот се дефинирани од осигурителната компанија, а плаќањето на месечниот надомест ќе биде реализирано преку вашата телефонска сметка.

Семејното осигурување е достапно за сите постојни и нови корисници на Македонски Телеком АД. Осигурителната полиса има неограничен период на траење и започнува на 1-ви следниот месец, по месецот во кој корисникот испратил барање за осигурителна полиса.

На барање на корисникот, договорот може да биде прекинат, по подмирување на сите телекомуникациски сметки.
Македонски Телеком може да го раскине договорот поради неплатени сметки.

Семејното осигурување се однесува на членовите на семејството, чиј документ за лична идентификација е на адресата на која е инсталиран телефонскиот приклучок.

Посебни услови за семејно осигурување на Еуролинк

pageArea reserved, leave empty!!!