Слободанка Гиевска

Печати

Преземи

Слободанка Гиевска е Главен директор за човечки ресурси и регулатива, почнувајќи од 1 јуни 2017 година. Таа е дел од компанијата од 2004 година во Секторот за регулатива и интерконекција. Во 2012 е назначена за Директор на Секторот за регулатива, а во 2013 во нејзиниот делокруг се вклучува и секторот за големопродажба. Oд февруари до јуни 2017 година ги врши задачите и обврските на Главниот директор за човечки ресурси врз основа на полномошно од ГИД.

Во текот на своето тринаесет годишно работно искуство во областа на регулатива, интерконекција и големопродажба, Слободанка се стекна со експертиза за правни и регулативни прашања на високо регулиран пазар, широко познавање на телекомуникациските услуги и технологијата за електронски комуникации, како и детално познавање на деловното работење на компанијата. Разновидноста на делокругот на задачи и предизвици и овозможуваат на Слободанка Гиевска да стекне вредно искуство и во областа на комуникациите, лобирањето, управувањето со вработени, координацијата и раководење на тим. Слободанка Гиевска е магистер по европски студии на Рајнскиот Универзитет „Фридрих Вилхелмс“ во Бон, Германија.

pageArea reserved, leave empty!!!