КОРИСТЕТЕ ЈА
ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДОБРО
Со Smart home

Smart Home сетот од Xiaomi е лесен за поставување во вашиот дом и може да ги поврзува и контролира и другите паметни уреди во системот на Xiaomi со помош на апликацијата Mi Home.

Комплетот се состои од:

  • Kонтролен центар
  • Два сензори за движење
  • Два сензори за врати или прозорци
  • WiFi прекинувач

Kонтролен центар

Контролниот центар е срцето на паметниот дом. Освен што функционира како ноќна светилка, аларм и ѕвонче – овој уред ги координира и сите останати паметни уреди во домот.

Сензори за движење

Овие сензори нудат две опции за програмирање: да започнат акција (на пример, да вклучат смарт сијалица) кога ќе детектираат движење, или да започнат акција кога нема да детектираат движење одреден временски период.

Сензорите сами ќе го вклучат и ноќното светло доколку регистрираат движење во ноќните часови и самите ќе го исклучат ноќното светло кога движењето ќе престане.

  • Мали и дискретни, лесни за поставување
  • Чувствителен на движењето на луѓе и миленици

Сензори за врати и прозорци

Нема потребa од алатки за инсталирање. Едноставно залепете го на саканато место за употреба.

Овие сензори алармираат кога прозорецот или врататa на кои се поставени ќе се отворат. Дополнително, преку нив можете да ги нагодите паметните уреди во вашиот дом автоматски да се вклучуваат или исклучуваат при влегување или излегување од просторијата.

На овој начин може значително да заштедите на струја и да го продолжите живoтниот век на вашите уреди.

WiFi прекинувач

WiFi прекинувачот има три различни типови на команди (еден клик, два клика и долг клик) кои можат да бидат програмирани за извршување на три различни акции, зависно од вашите потреби. Па така, со еден клик можете да ги исклучите сите смарт уреди во домот на излегување и да ги вклучите повторно кога влегувате во домот. Дополнително, го активира целосниот безбедносен систем за максимална сигурност.

  • Нема потребa од дополнителни алатки за инсталирање. Едноставно залепете го на саканато место
  • Управувајте со сите паметни уреди со едно копче кога не го користите вашиот телефон

Едноставно поврзување во 3 чекори

1

Симнете ја апликацијата тука

2

Вклучете го контролниот центар

3

Пуштете ја апликацијата и конектирајте го контролниот центар

* Уреди кој што ги подджува: Android 4.4 погоре или IOS 9.0 погоре

SMART LED сијалица

Паметната сијалица се активира и нагодува преку Mi Home апликацијата на вашиот смартфон, и функцијата на истата може да се персонализира преку креаторот на сценарија кој е составен дел од апликацијата. Освен нагодување на интензитетот, таа нуди и нагодување на бојата и на топлината на светлото. На овој начин, добивате сијалица која свети во која било боја што ќе ја посакате, соодветно на вашето расположение и прилики.

  • 16 милиони бои, прилогодлива јачина и температура на светлина, бежична контрола преку апликација
  • Гласовна контрола за вклучување и исклучување
  • Минимална потрошувачка на енергија со долг живот на користење

Едноставно поврзување во 3 чекори

1

Симнете ја апликацијата тука

2

Вклучете ја сијалицата

3

Пуштете ја апликацијата и конектирајте ја сијалицата

* Уреди кој што ги подджува: Android 4.4 погоре или IOS 9.0 погоре

НАПРАВЕТЕ ГО ДОМОТ ПАМЕТЕН
СО SMART HOME

Технологијата што носи додадена вредност во живеењето е технологија искористена за добро.
Со SMART HOME, вашиот дом ќе стане паметен, а вие послободни за оние што вистински ги сакате.

ПРЕПОРАЧАН СЕТ
SMART HOME УРЕДИ

  • Smart сензори
  • 2 x Smart LED сијалица

Сетот прикажани Smart Home уреди можете да го добиете за 1 денар, доколку склучите договор за Фамилијарен буџет со две мобилни линии во Magenta 1 M.

Десктоп верзија