SmartWine

  • Интелигентен мониторинг систем на лозови насади
  • Управување и следење на потрошувачка на ресурси
  • Намалување на трошоци за енергија, вода и користење на пестициди
  • Предвидување на можни ризици од болести на растението
  • Сигурност и бекап (backup)  на податоци
  • Едноставен графички приказ за следење на параметрите

Опис

SmartWine е комплетно решение за интелигентен, енергетски ефикасен и модернизиран процес на мониторирање на лозови насади.

На лозарите и винариите им нуди решение за мониторинг во реално време и 24 часовно информирање за состојбата на лозовите насади, со помош на дистрибуирана безжична сензорска мрежа.

Системот вклучува аларми, предвидува можни ризици од болести на растението, предвидува суша и мраз, складира големи количини податоци за цели на статистика и др.  До информациите се пристапува од секоја локација во светот со интернет конекција.  

SmartWine им обезбедува на производителите на вино одржливо управување и следење на потрошувачката на ресурси и намалување на трошоците за енергија, вода и користење на пестициди.

Воведува автоматизација и модернизација во земјоделството следејќи ја секоја фаза од процесот на производство на грозје за вино, и тоа:

  • Следење на еколошките параметри (со помош на сензорска мрежа во лозјата и визбите)
  • Комуникација на податоци и складирање во централизирана база на податоци за обработка во реално време и офлајн
  • Графички приказ на следените параметри на начин лесен за употреба.

Во решението интегрирана е група сензори креирани специфично за земјоделски апликации, т.е. за следење на лозја и винарски визби. Сензорите ги мерат внатрешните, надворешните, како и параметрите на почвата и растението.

Системот кој го нудиме се состои од SmartWine решение и сензорска конфигурација (опрема).

SmartWine сензорски конфигурации

Корисникот може да избере неограничен број на сензорски конфигурации во зависност од лозовите насади кои сака да ги следи. Македонски Телеком нуди две опции на предефинирани сензорски конфигурации, Основна и Напредна конфигурација.


Приклучок за сензор Основна сензорска конфугурација
вклучен Libelium - Plug & Sense! SA 3G
вклучен 6600mAh батерија на полнење + надворешен соларен панел 7V + 65,00 10 650,00 500mA
A Дигитален сензор/сонда за влажност и температурата на воздух.
B Сензор за воздушен притисок
C Дигитален сензор за температура на почва (DS18B20)
D Сензор за брзина и правец на ветар + Количина на дожд (*)
E Сензор за влажност на почва (должина на кабел 4,5м, длабочина 40цм)
F Сензор за влажност на лисја

(*) Интервалот на мерење на сензорите е на 20 минути а со тоа при обилни дождови можно е да има отстапување од реално паднатата количина на дожд на метар квадратен во текот на целиот ден.


Приклучок за сензор Напредна сензорска конфугурација 
вклучен Libelium - Plug & Sense! SA-PRO 3G
вклучен 6600mAh батерија на полнење + надворешен соларен панел 7V + 65,00 10 650,00 500mA
A Дигитален сензор за влажност и температурата на воздух
B Аналоген сензор  за температура на почва (PT-1000)
C Сензор сонда за сончево зрачење
D Сензор за влажност на почва (должина на кабел 4,5м, длабочина 40цм)
E Дендрометар – Сензор  за дијаметар на овошка или стебло или гранка (**)
F Сензор за влажност на лисја

(**) Дендрометарот се соджи од 3 различни сензори каде корисникот може да избере една или воопшто да не ја избере оваа опција.

За сите дополнителни информации, пратете е-порака на smartwine@telekom.mk и закажете лична презентација во вашата компанија.

pageArea reserved, leave empty!!!