Услови за доставување извештај од Македонско Кредитно Биро АД Скопје.

Македонски Телеком АД - Скопје може да побара и да добие извештај од Македонско Кредитно Биро за фактичката состојба на моите обврски односно извештај за пристигнати ненаплатени обврски за цел на склучување на Договор за засновање претплатнички однос за обезбедување пристап кон јавната комуникациска мрежа и користење на јавните електронски комуникациски услуги на Македонски Телеком, како и за купување на електронска опрема на рати. Запознаен(а) сум дека:

  1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност.
  2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот.
  3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност преземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци.
  4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплата на обврската или затворање на сметката.
  5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Десктоп верзија